1010 Тотенхем – Челзи (21 ч.)
Двете екипи имаат по 33 бодови и се надеваат со евентуален триумф да се приклучат кон екипите во горниот дел од табелата. Тотенхем нареди два порази по ред и ќе биде многу лошо за Жозе Мурињо ако неговиот тим загупи третпат само за 10-тина дена.
Челзи верува дека ќе продолжи традицијата, која вели дека немаат пораз од овој ривал на последните шест меѓусебни средби. Тоа што е карактеристично е дека на пет од последните седум средби на овие два тима, немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.23)
1537 Белененсеш – Порто (20 ч.)
Домаќините ќе се борат за опстанок, па затоа во дуел со екипа како Порто е апсолутен аутсајдер. Порто сезонава на гости е многу успешен и има пет победи, едно реми и само еден пораз, а во просек дава по 2,5 погодоци на меч.
На пет од последните шест дуели, Порто победувал, а Белененсеш само еднаш успеал да одигра нерешено. Гостите мора да освојат три бода за да останат во чекор со лидерот Спортинг, па затоа се очекува уште во првиот дел фаворитот да ја заврши работата во своја корист.
Предлог тип: 2-2 (2.00)
2832 Клуж – Виторул Констанца (19 ч.)
Дуел на две екипи кои немаат пораз во 2021 година. Клуж е во борба за првото место со ФЦСБ, додека Виторул е во мирниот дел од табелата. Домаќините ја имаат фаворитската улога, но секако ќе мора да најдат рецепт да се скрши противникот кој стана експерт за нерешени резултати.
На последните пет меча во првнството Виторул има пет ремија, а вкупно 10 нерешени во 20 дуели сезонава. И последните два меча против Клуж завршиле без победник, а интересно е што Клуж две години не се радувал против овој ривал.
Предлог тип: 1 (1.58)
1352 Бетис – Атлетик Билбао (21 ч.)
Меч кој треба да го даде последниот полуфиналист во Купот на Шпанија. Во два од претходните три четвртфинални дуели, победникот се решаваше по продолженија, што само покажува дека ниту еден тим не се предава предвреме.
Двете екипи се во форма. Бетис нема пораз на последните осум средби, додека Атлетик Билбао по освојување на Суперкупот, сега цели на нов трофеј. Во една ваква ситуација може да се очекува претпазлив дуел, без многу шанси.
Предлог тип: 0-2 (1.71)
2830 Трабзонспор – Денизли (17 ч.)
Домаќините се со зголемена самодоверба откако наредија дури осум победи во последните 10 средби што ги одиграа. Денизли е тим кој дефинитивно го нема квалитетот на Трабзон, па чудо ќе биде ако успеат гостите да си заминат непоразени.
За Трабзон мотив повеќе ќе биде и тоа што треба да ја скрши традицијата која вели дека има едвај една победа во последните пет дуели со овој ривал.
Предлог тип: 1&2-4 (2.40)