1583 Неа Саламис – Олимпијакос (Прва лига, Кипар, 17 часот)
Чедомир Јаневски одлично стартуваше како тренер на Олимпијакос Никозија и на дебито успеа да подготви тактика за изненадувачко реми со првакот на Кипар, Омонија.
Олимпијакос одигра многу солидно во дербито на Никозија, па ремито 1:1 е награда и за Јаневски и за играчите. Сега следува нова тешка мисија за нашиот поранешен селектор, можеби и најсложената ако се погледне традицијата во дуелите со Неа Саламис, или Саламина, како што го нарекуваат клубот кој оригинално е од Фамагуста, но игра во Ларнака.
Олимпијакос има фрапантно лош биланс кога му гостува на денешниот ривал и нема победа во Ларнака против Неа Саламис повеќе од 20 години, или на последните 15 гостувања.
Ова ќе биде голем предизивик за Јаневски, да биде човекот што ќе најде победнички концепт против „беглаците“ од Фамагуста, кои се непобедливи за Оли на домашен терен од 1998 година.
Мечот е многу значаен за двете екипи и само победа ги остава во конкуренција за настап во плејофот, што значи дека нема да има калкулации и ќе се оди на триумф.
Предлог тип: 2 (2.60)
1801 Херта – Баерн Минхен (Бундеслига, Германија, 20 часот)
Европскиот и германски шампион ќе игра вечерва во Берлин против Херта и потоа ќе патува за Египет, каде што ќе игра против африканскиот гигант Ал-Ахли на клупскиот светски куп што го организира ФИФА.
Баерн веќе има еден голем кикс во новата година, со сензационалното испаѓање од германскиот куп, па нема да си дозволи луксуз да биде изненаден и во Берлин од Херта.
Тимот од главниот град на Германија игра слабо во Бундеслигата и резултатите и скромната залиха од 17 бода не се на ниво на квалитетот на тимот.
Херта смени и тренер, си замина Бруно Лабадија, на клупата се врати легендата на клубот Пал Дардаи, но работите тешко се менуваат, па ќе типуваме на сигурна победа на Баерн.
Предлог тип: 2-2 (1.85)
3001 Фиорентина – Интер (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Ромелу Лукаку ќе се врати во составот на Интер по пропуштениот меч од купот против Јувентус и тоа е одлична вест за Интер.
На спротивната страна на Фиорентина ќе ѝ недостасуваат исклучените Миленковиќ и Кастровили, што е голем хендикеп, особено за дефанзивниот дел на Виолетовите.
Двете екипи изградија солиден ривалитет со долгите настапи во Серија А, па и сега се очекува добар меч во кој Интер е фаворит.
Честопати во последно време Фиорентина и Интер играа нерешено, но сега ќе типуваме дека домаќините ќе издржат со „икс“ само до првото полувреме.
Предлог тип: Х-2 (4.15)
1301 Алавес – Валјадолид (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Дербито на дното меѓу Алавес и Валјадолид ќе го означи стартот на 22-рото коло во Ла Лига. Бодовите на вакви мечеви вредат двојно, што претпоставува дека ќе се игра многу претпазливо.
И Алавес и Валјадолид се при врвот меѓу екипите со најмногу нерешени дуели во шпанското првенство, па некако логично доаѓа дека нерешениот исход е најреален.
И двете екипи се слаби со дефанзивата и тенки со напаѓачкат формација, па можно е и да има малку голови. Се игра и без публика, по квалитет двете екипи се тука некаде, израмнети, па ќе типуваме дека во Виторија вечерва нема да има победник.
Предлог тип: Х (2.95)
3011 Лече – Асколи (Серија Б, Италија, 21 часот)
Лече нема голем избор освен да игра на победа против Асколи за да се доближи до позициите еден и два што водат директно во Серија А.
Амбициите на клубот се познати, Лече сака да му се приклучи на кремот на италијанскиот фудбал, па Бобан Николов и Ленард Жута заедно со соиграчите ќе мора да го победат тимот што се бори за опстанок во Серија Б.
Лече има доста играчи со прволигашко искуство, неспорно е дека се поквалитетни од ривалот, но проблем им е што пречесто ремизираат за кандидат, и тоа сериозен за камбек во Серија А.
Асколи ќе се брани, им одоговара и бод против фаворитот, а ќе сакаат и да избегнат реприза од преклани, кога доживеаа вистински бродолом на „Виа дел Маре“ и загубија од Лече со 7:0.
Ќе типуваме дека Асколи може да издржи едно полувреме без негатива против фаворитот, но и дека повторно ќе загуби како гостин на Лече.
Предлог тип: Х-1 (3.90)
Предлог тип: