1001 Астон Вила – Арсенал (Англија, Премиерлига, 13.30 часот)
Двете екипи имаа одлични офанзивни решенија, иако зачудувачки за Арсенал, Топчиите се десетти во Премиерлигата моментно според бројот на постигнати голови.
Арсенал има богата историја и заштитен знак им е напаѓачкиот стил на игра. Денеска ќе се обидат пред се преку Лаказет и Обамејанг со голови на „Вила парк“ да ја подобрат ефикасноста на тимот.
Астон Вила направи добар потег со купувањето на Оли Воткинс од Брентфорд во ланскиот летен преоден рок. Шпицот на Вила моментно е најдобар стрелец на тимот со 9 гола, а и од него денеска се очекува да биде стрелец.
Со Џек Грилиш експресно станаа топ-тандем во офанзивата на тимот од Бирмингем, кој игра солидна сезона и со 32 бода не е далеку од еврозоната.
Арсенал има бод помалку, денеска ќе има проблеми во дефанзивата без исклучениот голман Бернд Лено и без стоперот Давид Луиз, кој исто така доби црвен картон на претходниот меч со Вулверхемптон.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.95)
3002 Аталанта – Торино (Серија А, Италија, 15 часот)
Аталанта го чека омилениот противник Торино и најавува нови маки за гостите, кои примија дури 13 гола на последните три пресметки со тимот од Бергамо.
Особено болен беше поразот пред една година и тоа во Торино со 0:7 што е и највисок пораз во историјата на 7-кратниот италијански шампион.
Торино е во слаба форма, има само една победа на последните 13 натпревари во сите конкуренции и тимот очигледно е во криза.
Аталанта има премногу квалитетен состав за да пропушти шанса за нова победа против популарните Бикови.
Предлог тип: 1&T1 2+ (1.59)
1004 Фулам – Вест хем (Англија, Премиерлига, 18.30 часот)
Чеканите конечно играат одличен фудбал и се кандидати за настап во еврокуповите. Како играат дури и сонот за настап во Лигата на шампионите не е неостварлив.
Дејвид Мојс одлично командува од клупата на лондонскиот тим, кој има 7 победи и еден пораз на последните 8 натпревари во Премиерлигата, што потврдува дека е во топ-форма.
Чешкиот репрезентативец Томас Соучек е се чини клучниот фактор кај Чеканите за високото петто место. Иако не е напаѓач, тој е најдобар стрелец на Вест хем со 8 гола. Во тимот што е добар спој на младост и на искуство, во зимскиот преоден рок пристигна и Џеси Лингард, што само го дополни квалитетот на Чеканите.
Фулам игра скромно, има само 14 бода на 18. место и со ВБА и Шефилд јунајтед се трите најсериозни кандидати за испаѓање. Домаќините ќе мора да нападнат, бидејќи заостануваат за цели 8 бода зад Барнли и Њукасл во битката за опстанок, што е шанса за Соучек, Антонио, Бенрама и Лингард да казнуваат во контранапади.
Вест хем има пет победи по ред во малото лондонско дерби против Фулам, блиску е и до шесттиот, а ќе типуваме дека најмалку двапати ќе ја затресат мрежата на Ареола.
Предлог тип: Т2 2+ (2.24)
2836 Лион – Стразбур (Франција, Лига 1)
Трката за титулата во Франција е исклучително интересна со четири екипи како кандидати за нов првак, а меѓу нив е и 7-кратниот шампион Лион.
Лавовите од Жерлан се втори зад лидерот Лил со два бода помалку и пред актуелниот првак ПСЖ со еден повеќе и четири плус во однос на Монако.
Квартетот кандидати за пехарот во Франција не смее веќе да греши и секој загубен бод може скапо да чини. Лион го има најефикасното трио напаѓачи во Лигата.
Депај постигна 11 гола, Екамби има 10, а Кадевере 9, или тројцата заедно имаат вкупно 30-ка од 47 голови што досега ги постигна Лион.
И тројцата се во богатата понуда на Sport Life со стрелци на голови во Франција, па може да се типува дека некој од нив, или на сите заедно дека ќе се запишат во листата на стрелците.
Стразбур има најдобар напад од екипите што бијат битка за опстанок, на последните пет меѓусебни дуели ја погодуваше мрежата на Лион, па ќе типуваме дека и денеска ќе постигнат гол, но и дека ќе загубат од фаворитот.
Предлог тип: 1&ГГ (3.00)
1807 Борусија Менхенгладбах – Келн (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)
Борусија полека се подготвува за големиот осминафинален двомеч против Манчестер сити во Лигата на шампионите и патем добро гази и на останатите два фронта, во Бундеслигата и во германскиот куп.
Го елиминираа Штутгарт пред три дена во меч од популарниот ДФБ покал и се во одлична серија од 8 меча без пораз. Борусија лесно го победува Келн во последно време, а и сега е голем фаворит.
Плеа, Штиндл, Турам и останатите играчи на домаќините се поквалитетни од составот што го има Келн и ќе типуваме дека бодовите ќе останат во Менхенгладбах.
Предлог тип: 1 (1.55)