На „Сан Мамеш“ само Валенсија погодуваше и не победи (Видео)

Играчите на Валенсија двапати погодуваа на „Сан Мамеш“, но не победија против Атлетик Билбао. Лилјаците си дадоа автогол во финишот на првото полувреме, а во продолжението ја погодија вистинската мрежа за реми 1:1 во меч од 22-рото коло во Ла Лига.

Автогол си даде Уго Гилјамон Санмартин во 43-тата минута за преднност на Атлетик Билбао, а потоа играчите на Валенсија повторно погодија, во 66-тата минута, на вистинското место – во противничката мрежа.

Автоголот на стоперот на Лилјаците можете да го погледнете ОВДЕ.

Стрелец за израмнување на 1:1 беше Бразилецот Габриел, а Валенсија ја продолжи низата од четири меча без пораз кога му гостува на Атлетик во Билбао.

Погодокот на Габриел можете да го погледнете ОВДЕ. 

Последен пат Атлетик ја победи Валенсија на „Сан Мамеш“ во 2016 година со 2:1. По ремито денеска, Атлетик остана на десеттото место на табелата во Ла Лига со 25 бода на 21 натпревар.

Валенсија е две позиции подолу на табелата со 24 бода, колку што имаат и Хетафе и Кадис.

- Оглас -

Најнови вести