1802 Борусија Дортмунд – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)
Хофенхајм игра одлично против Борусија во последните неколку сезони. Лани дури и ги декласираше Милионерите на „Вестфален“ со победа од 4:0, но сега типувам дека ќе има реванш.
Борусија има очигледен пад во формата во 2021 година. Загубија неколку натпревари и од послаби екипи, но сега веќе немаат право на грешка, ако сакаат рамноправно да се борат за првите четири позиции што водат во Лигата на шампионите.
И двете екипи имаат доста отсутни играчи и тука се некако изедначени, но квалитетот е на страната на домаќините и очекувам да победат во ефикасен меч, со најмалку три гола.
Предлог тип: 1&3+ (1.99)
1803 Баер Леверкузен – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)
Имаат интересен биланс на четири од последните пет меѓусебни натпревари, што ги добиваше Баер со ист резултат од 1:0, но сега мислам дека ќе има повеќе голови, а исходот ќе биде ист, триумф на фаворитот од Леверкузен.
Повредите ги нападнаа популарните Фармацевти, па имаа три порази по ред и една шокантна елиминација од третолигашот Есен во германскиот куп, но одговорија на вистински начин. Во минатото коло го декласираа Штутгарт со 5:2, со типичен одговор во германски стил.
Во Бундеслигата се игра топ-фудбал, има и многу изненадувања, но денеска на „Бај арена“ ќе нема сензација. Очекувам убедлива победа на Баер со предност и на полувремето.
Предлог тип: 1-1&3+ (3.10)
1804 Штутгарт – Херта (Сабота, 15.30 часот)
Штутгарт е интересна екипа, што игра подобро на гости, отколку на домашен терен. На „Мерцедес бенц арена“ забележаа само една победа на девет меча сезонава во Бундеслигата.
Играат убав и офанзивен фудбал, но сега веќе Херта треба многу да внимава и да не губи бодови, бидејќи се блиску до опасната зона и можат да имаат многу проблеми за да изборат опстанок.
Тимот од Берлин разочара во минатите 20. кола во Бундеслигата. Имаат само 17 бодови и многу подобар тим од скромното салдо. Го сменија и тренерот Бруно Лабадија, сега кормилото го има клупската легенда Пал Дардаи и мислам дека нема да загубат во Штутгарт.
Очекувам да нема многу голови, мислам дека ќе биде 0:0, или 1:1, а ќе типувам „нула“ и прекин на серијата од 7 меча на кои имаше победник на дуелите на овие две екипи.
Предлог тип: Х (3.55)
1805 Вердер Бремен – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)
Иако според коефициентот Вердер е аутсајдер очекувам да го победи Фрајбург. На „Везер“ тешко се игра, важи за значаен домашен бастион во Бундеслигата, иако сега Вердер ќе биде без поддршка од навивачите, поради пандемијата со Ковид-19.
Фрајбург забележа голема победа против Борусија Дортмунд и има одличен прв дел од сезоната со 30 бода на седмото место. Проблем им е што не можат да го победат Вердер на пет меча по ред, а ќе типувам дека серијата на тимот од Бремен ќе продолжи и дека Вердер ќе ги освои бодовите.
Предлог тип: 1 (2.80)
1806 Унион Берлин – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)
Интересен меч во кој и двете екипи нема да калкулираат. Ако не се пројдени сите возови на Шалке 04 за опстанок во Бундеслигата, гостувањето во Берлин е ми се чини и последниот што треба да го фатат за да се надеваат на чудо.
Шалке со само 8 бода е на последното место во Бундеслигата и нема избор освен да оди во офанзива и на триумф.
Унион Берлин сака вакви натпревари, каде противникот нема чаре освен да напаѓа, а домаќините ме изненадија сезонава со одлични игри. Ќе ги казнуваат сите грешки на Шалке 04, а ги има и премногу сезонава, опасни се во транзиција и во контранапади, па очекувам да има многу голови во Берлин.
Предлог тип: 3+ (2.02)