34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Наполи ќе му даде гол на Јувентус и ќе загуби од шампионот

1002 Кристал Палас – Барнли (Премиерлига, Англија, 16.00 часот)

Едно чудо повреди и големи проблеми имаат во Кристал Палас, па искусниот лисец Рој Хоџсон ќе има мака како да состави тим што ќе биде кадарен да ги освои бодовите.

Отсуството на Заха, Мекартур, Шлуп, Томкинс и уште неколку важни алки кај лондончани се чувствува, па некако лесно беа поразени од Лидс во минатото коло.

Проблеми има и тренерот на гостите, Шон Дајч, но се надева дека сепак Вуд, Брејди, Браунхил, или некој од нив ќе може да игра. Интересно е што и двете екипи имаат големи проблеми со повреди на напаѓачите, па ќе типуваме дека ќе има малку голови на „Селхрст парк“.

Тоа е и во духот на традицијата на меѓусебните дуели меѓу овие две екипи, кои одиграа од 0-2 гола на 7 од последните 8 меча.

Предлог тип: 0-2 гола (1.58)

 

1701 Пари Сен Жермен – Ница (Лига 1, Франција, 17 часот)

Томас Тухел мора и да калкулира и да комбинира и да победува и засега успева да го реализира планот, на стартот од авантурата како нов тренер на ПСЖ.

Кај Парижани како се доближува стартот на двомечот со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите се редат малерите со повреди на клучните играчи.

Анхел Ди Марија и Нејмар нема да играат на „Камп Ноу“ на 16.февруари, секако и денеска против Ница, па Тухел мора да биде внимателен да не се повреди уште некој играч. Засега на долгата листа отсутни се и Верати, Бернат, голманот Навас, Ерера, Пембеле… па очигледно е дека ПСЖ е во незгодна ситуација.

Сепак во битката за одбрана на титулата и ривалите Лил, Лион и Монако се многу опасни, па Светците мора да победуваат за да ги задржат шансите за нова шампионска круна во Франција.

Ница има комплекс од ПСЖ и само една победа на последните 15 меча. Типуваме дека пак ќе загуби на меч со најмногу четири гола.

Предлог тип: 1&0-4 гола (1.78)

 

3003 Наполи – Јувентус (Серија А, Италија, 18 часот)

Атмосферата во Неапол е разнишана, италијанските медиуми веќе му бараат заменик на Џенаро Гатузо што е голема шанса за шампионот да слави на тешко гостување.

Ако се додаде дека нема да игра најдбриот стрелец во клупската историја на Наполи, Дријс Мертенс, потоа и Кулибали, Манолас, Хисај и Деме јасно е дека Старата дама е фаворит.

Сега и ќе нема публика на „Диего Армандо Марадона“ што му ја олеснува работата на шампионот на Италија. Јувентус игра неочекувано лошо во дефанзива, каде бил најјак во последната деценија, па и повеќе.

Имаат многу проблеми со високиот пресинг на ривалите и прават многу грешки, па ќе типуваме дека и домаќините барем еднаш ќе ја затресат мрежата на Шчесни, но бодовите ќе отпатуваат за Торино.

Предлог тип: 2&ГГ (4.45)

 

1658 Остенде – Генк (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Двете екипи играат офанзивен фудбал и интересно најдобрите стрелци им се на Топ-5 листата со топ-голгетери во Белгија. Пол Оњуачу од Генк е на врвот во Жупилер лигата со 22 гола, а мајсторот за голови на Остенде, Фешн Сакала е петти најдобар стрелец во белгиското првенство со 13 погодоци.

Ако се додадат и Бонгонда од гостинскиот табор со 12 гола на шесттата позиција и неговиот соиграч Ито кој е во Топ-20 со 7 погодоци нема дилеми дека треба да има многу голови на „Дијас“ арената во Остенде.

Домаќините играат одлична сезона и ако го победат Генк ќе останат во битката за првите четири позиции. Гостите се веќе таму и ќе го бранат третото место со голови против Остенде.

Предлог тип: 2+I&4+ (4.05)

 

1306 Барселона – Алавес (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Како да се изненади Барселона на „Камп Ноу“ е голема енигма за Алавес, што и не е изненадување, со оглед на рејтингот и големината на шпанскиот гигант.

Алавес само еднаш победил на последните 10 гостувања кај Барса, а се останато се победи и тоа најчесто убедливи на еден од најтрофејните светски фудбалски клубови.

Барселона е притисната со сериозни предизвици на три фронта и некако изгледите на ниту едно поле не се оптимистички дека може да се освои пехар.

Во полуфиналето на шпанскиот куп загубија од Севилја со 2:0, па ќе имаат тежок реванш-меч во март, им следи двомеч во ЛШ со незгодниот Пари Сен Жермен, а и во првенството заостануваат за 8 бода, со еден меч повеќе, зад лидерот Атлетико Мадрид.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит и дека евентуален кикс ќе значи збогување со шансите да се освои титулата во Ла Лига.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.51)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести