3002 Торино – Џенова (Сабота, 15 часот)
Џенова се разбуди во вистински момент и со три победи по ред побегна од опасната зона и сега е во помирни води. Горан Пандев и соиграчите го фатија посакуваниот ритам, освоија 13 од можните 15 бода во последните 30-на дена што е одличен ефект.
Торино сосема спротивно долг период нема победа. Денеска ќе мора да игра поофанзивно за да освојат бодови, кои можат да значат и спас за 7-кратниот италијански првак.
Очекувам и Џенова да одговори со брзи контранапади и да има доста голови на „Олимпискиот стадион“.
Предлог тип: ГГ3+ (2.50)
3003 Наполи – Јувентус (Сабота, 18 часот)
Наполи е во хаос по двата порази по ред во Серија А од Џенова и Аталанта. Постојано се говори за смена на Џенаро Гатузо, но на југот од Италија и темпераментот понекогаш е голем противник.
Проблем на домаќините ќе им биде и најавеното отсуство на неколку важни играчи, па Јувентус е во предност. Сепак, некако и Старата дама не е на очекуваното ниво, постојано имаат проблеми во дефанзивата и можно е Наполи да освои бод.
Дерби е, иако домаќините се хендикепирани, а Јувентус брка бодови за титула, сепак ќе типувам дека вечерва на „Диего Армандо Марадона“ ќе нема победник.
Предлог тип: Х (3.40)
3005 Рома – Удинезе (Недела, 12.30 часот)
Рома и Удинезе имаат интересна серија на меѓусебни натпревари, на кои едната од екипите не успеваше да даде гол. Така е на последните шест средби на двата калчолигаши, но не верувам дека серијата ќе продолжи.
Удинезе ја крена формата, игра одлично и е без пораз на четири меча по ред. Особено значајни за нив се нерешените исходи на дуелите со двата фаворити за титулата, Аталанта и Интер.
Зебрите имаат многу солиден тим што може да и зададе проблеми и на Рома. Волчицата игра напаѓачки фудбал, честопати сезонава нивните мечеви беа екстра ефикасни и не гледам причина да биде поинаку и против Удинезе, наспроти традицијата во нивните меѓусебни дуели.
Предлог тип: ГГ3+ (2.19)
3007 Сампдорија – Фиорентина (Недела, 15 часот)
Дуелите на Сампдорија и Фиорентина се исклучително интересни во последните неколку години, проткаени со многу голови.
Имаат долга серија од дури 11 натпревари на кои и двете екипи постигнуваа голови. Можно е повторно да биде во тој стил и утре на Мараси, каде Фиорентина тешко губи како гостин кај Сампдорија.
Сега и нема навивачи, па Сампдорија ќе се обиде и без поддршка од трибините да го совлада за нив незгодниот ривал. Проблем им е што нема да играат Тонели и Габијадини, кај Фиорентина ќе недостасува стоперот Миленковиќ, па некако двете екипи ми се израмнети и со квалитет и со хендикепите што ги имаат со повредени и отсутни играчи, па ќе типувам „икс“
Предлог тип: Х (3.30)
3009 Интер – Лацио (Недела, 20.45 часот)
Двете екипи се во одлична форма, па очекувам возбудливо дерби на „Џузепе Меаца“. Лацио фати опасен залет со шест победи по ред во Серија А и нема да се откаже од битка за Скудетото, во најинтересната сезона во последните 10-на години.
Гостите имаат многу квалитетен тим, што го предводи Чиро Имобиле и со него во офанзивниот дел и Кореа, Милинковиќ-Савиќ, Каиседо… Проблем ќе им биде пред се отсуството на стандардниот дефанзивец Ачерби, особено на дуел со екипа што ги има Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес во нападот.
Интер по долг период е конкурентен тим за Скудетото, Лацио исто така, па очекувам одличен фудбал и многу голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.06)