34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Манчестер ќе победи кај наслабиот домаќин во Премиер лигата, Аталанта има противник за мерак

1006 ВБА – Манчестер јунајтед (15 ч.)

Оле Гунар Солскјер се откажа од трката за титулата, но сигурно дека мотив е да се биде и втор во Премиер лигата. ВБА е тим кој е во зоната за испаѓање и е најслаб на свој терен со само шест бода од 10 дуели. Ако ВБА е најслаб домаќин, Манчестер јунајтед е најдобриот тим на гости сезонава и уште нема пораз (осум победи и три нерешени).

Ако се следи традицијата, голови нема да има многу. На седум од последните осум меѓусебни дуели завршувало од 0-2 погодоци. Секако Црвените ѓаволи се фаворити.

Предлог тип: 2&0-3 (2.35)

 

1008 Евертон – Фулам (20 ч.)

Целта на домаќините е да се обидат да изборат излез во Европа, додека фокусот на Фулам е спас од испаѓање. Фулам сезонава има само една победа во 10 гостувања, но и Евертон не е кој знае колку сигурен домаќин па досега освои само 14 бода од 10 дуели.

Евертон има одличен напад, но слаба одбрана, но фактот дека Фулам го има вториот најлош напад треба да биде причина домаќинит еда веруваат дека лесно ќе стигнат до трите бода.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

3006 Калјари – Аталанта (15 ч.)

Аталанта е во мини криза со само една победа во последните четири меча, но ако некаде може да ја врати самодовербата, тоа е на дуел против Калјари. Калјари е тим кој последен пат победил на 25 ноември во Купот на Италија, а потоа нареди 14 средби во кои имаше девет порази и пет нерешени.

Ако се погледнат и меѓусебните средби, тимот од Бергамо е многу подобар победувајќи пет пати во последните шест средби.

Предлог тип: 2&2-5 (1.92)

 

1308 Реал Мадрид – Валенсија (16:15 ч.)

Реал веќе се навикна да игра со „крпен“ состав во последниве неколку недели. Тренерот Зидан и денеска нема да може да смета на Рамос, Азар, Марсело, Одриозола, Родриго и Валверде, но и покрај тоа Кралевите се фаворити во Мадрид.

Валенсија сезонава му го нанесе најголемиот пораз на Реал, победувајќи го со 4:1 на „Местаља“. Традицијата вели дека на последните 20 меча на овие екипи, секогаш имало барем по два гола, а дури 15 пати во овој период било 3+, што е најава за погодоци.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.14)

 

1807 Ајнтрахт – Келн (15:30 ч.)

Дури шестмина играчи недостасуваат кај гостите, додека домаќините немаат никакви проблеми околу составот. Со четири победи и едно реми во последните пет средби, Ајнтрахт потврдува дека е во одлична форма. На домашен терен Ајнтрахт нема пораз, но Келн е солиден на гости сезонава освојувајќи 15 бода во 10 средби.

На последните четири меѓусебни средби двата тима постигнувале барем по еден погодок, што значи дека играат отворено.

Предлог тип: 1&3+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести