Понеделнички Атлетик Билбао ќе ја расипе доминацијата на домашните екипи

1009 Вест хем – Шефилд јунајтед (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Вест хем има шанса со победа да го прескокне шампионот Ливерпул и дрим-тимот на Челзи и да се пробие на четвртата позиција на табелата, што води во Лигата на шампионите.

Чеканите се свесни за големата шанса што ја имаат да дебитираат во луксузното европско натпреварување, а за да стигнат до таму мора да ги победуваат екипите од калибарот на Шефилд јунајтед.

Проблем може да им биде отсуството на одличниот напаѓач, Марк Антонио, кој е втор клупски стрелец сезонава со пет гола, зад Соучек, кој постигна 8.

Шефилд јунајтед е последен на табелата во Премиер лигата и речиси и да нема шанси за опстанок бидејќи има големи 14 бода негатива во однос на Њукасл, а пред него се и ВБА и Фулам.

Ова е можеби и последниот воз за подвиг на екипата од Шефилд, па гостите ќе мора да напаѓаат и да одат на победа. Вест хем е одлична екипа, игра сигурно и добро и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

1810 Баерн Минхен – Арминија Билефелд (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Играчите на шампионот на Европа и на Германија освоија нов пехар, победници се на светскиот клупски куп на ФИФА и ќе сакаат со победа против Арминија да го прослават успехот.

Квалитетот, педигрето, титулите, широкиот ростер, традицијата и меѓусебниот биланс се на страната на германскиот гигант, а единствена шанса за Арминија да приреди чудо веројатно ќе биде заморот на домашните играчи. Има и доста отсутни кај Баерн, сигурно нема да играат Гнабри, Горецка, Милер, Боатенг и уште неколку фудбалери, но Баварците се комплетна екипа, што може да искомбинира 2-3 исклучително квалитетни тима.

Во последните 25 години Баерн ја победуваше Арминија 16 пати и има само по два порази и ремија против тимот од Билефелд. Типуваме победа на шампионот во ефикасен меч со најмалку 3 гола.

Предлог тип: 1&3+ (1.41)

 

3010 Верона – Парма (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Заминувањето на Дејан Кулушевски е голем хендикеп за Парма и без него тимот бие битка за опстанок, а серијата од 12 меча без победа не ветува успех за тимот што има многу навивачи.

Сменет беше и тренерот Ливерани, но ниту новиот Роберто Даверса не знае како да ја прекини црната серија од неуспеси.

Проблем за Парма е што претрпе и четири порази по ред на последните гостувања во Градот на Љубовта, па тешко дека и денеска ќе успее да ги освои бодовите.

Верона игра добра сезона, сè уште има надеж за европски настап, но за подвиг ѝ треба победа против Парма и добра серија од успеси во продолжението на италијанскиот шампионат.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

1010 Челзи – Њукасл (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Идентична е и приказната на Челзи, како и на градскиот ривал Вест хем, па и тие со победа вечерва ќе го минат Ливерпул и ќе ја продолжат битката за да обезбедат настап во Лигата на шампионите.

Њукасл е во сосема поинаква приказна, се бори за опстанок и е првата екипа над опасната зона за испаѓање. Популарните Чавки имаа многу проблеми и доживеаја разочарување со продажбата на клубот бидејќи богатите шеици од Саудиска Арабија по долги преговори, се откажаа. Навивачите се незадоволни бидејќи со право сметаат дека на тим од калибарот на Њукасл му прилега место во горниот дом на англискиот фудбал, а не грчевита битка за опстанок.

Вечерва ќе играат и без првата виолина и најдобар стрелец, Калум Вилсон, што е голем хендикеп за гостите. Челзи 8 пати по ред го победува Њукасл на „Стемфорд бриџ“, а наша прогноза е дека вечерва ќе го слави и деветтиот триумф по ред на својот стадион.

Предлог тип: 1 (1.30)

 

1350 Кадис – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Овој меч може да биде клучен за Атлетик и пресвртница во сезоната. Моментно со 25 бода се многу поблиску до опасната зона и ги делат само четири бода од Валјадолид, екипа што би испаднала според состојбата на табелата во овој момент.

Но, ако вечерва тимот од Билбао победи и потоа слави и во заостанатиот меч од 18-тото коло со Атлетико Мадрид, тогаш Баскијците би се приклучиле во битката за излез во Европа. За тоа имаат уште солуции, треба да играат едно сигурно финале во Шпанскиот куп на 4 април против Реал Сосиедад и уште едно на 17 април во истото натпреварување ако го елиминираат Леванте во полуфиналето.

Секако, нема да сакаат да стравуваат за опстанок во Ла Лига, поквалитетни се од Кадис и типуваме дека ќе победат, но и дека ќе примат барем еден гол од домаќинот.

Предлог тип: 2&ГГ (6.00)

- Оглас -

Најнови вести