Во Порто ретко ќе се тресат мрежите, Севилја – Борусија е вистинскиот меч за голови

1301 Леванте – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)

Со пораз од Осасуна, Енис Барди и соиграчите прекинаа убава серија од 10 меча без пораз, а можеа да го избегнат ако Хозе Моралес погодеше од белата точка во финишот на мечот.

Сега ќе се обидат да приредат подвиг против лидерот Атлетико Мадрид, кој игра импресивно и има само еден неуспех сезонава во Ла Лига.

Ова е меч од второто коло што ќе се одигра вечерва и е мошне значаен за двете екипи. Леванте со победа би се искачил на осмото место со 30 бода и безгрижно би го продолжил првенството речиси со обезбеден опстанок.

Атлетико има пет бода предност пред Реал Мадрид, но и два меча помалку, а предноста пред Барса е 8 бода со еден дуел помалку. Победа ќе ги зацврсти на првата позиција и ќе бидат главни кандидати за пехарот во домашното првенство. Двете екипи играат убав фудбал и можат да постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.82)

 

1658 Остенде – Генк (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Мечот што требаше да се игра пред четири дена беше одложен поради невреме и презакажан за денеска.

Двете екипи играат офанзивен фудбал и интересно е тоа што најдобрите стрелци им се на Топ-5 листата со топ-голгетери во Белгија. Пол Оњуачу од Генк е на врвот во Жупилер лигата со 22 гола, а Фешн Сакала, мајсторот за голови на Остенде, е петти најдобар стрелец во белгиското првенство со 13 погодоци.

Ако се додадат и Бонгонда од гостинскиот табор со 12 гола на шесттата позиција и неговиот соиграч Ито, кој е во Топ-20 со 7 погодоци, нема дилеми дека треба да има многу голови на „Дијас арената“ во Остенде.

Домаќините играат одлична сезона и ако го победат Генк, ќе останат во битката за првите четири позиции. Гостите се веќе таму и ќе го бранат третото место со голови против Остенде.

Предлог тип: 2+I&4+ (4.15)

 

6003 Порто – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)

Порто има негативен биланс во дуелите со италијанскиот гигант и само еднаш успеа да ремизира, со три порази во пресметките со Старата дама во Лигата на шампионите.

Популарните Змејови не играат добро ниту во домашното првенство во последно време и со четири нерешени натпревари веројатно и се простија од титулата бидејќи имаат дури 10 бода помалку од лидерот Спортинг.

Ниту Јувентус во Серија А не е на препознатливо ниво и тешко ќе стигне до десеттата титула по ред. Вечерва веројатно повторно ќе мора да игра без Пауло Дибала, а надвор од редовите се и Артур, Квадрадо и Бонучи.

Ова ќе биде специјален меч за Кристијано Роналдо и за Сержо Консеисао. Роналдо играше за Спортинг на почетокот на кариерата,  а Порто им е голем ривал на популарните Лавови од Лисабон.

Консеисао, кој сега е тренер на Порто, беше играч на Интер, вечниот ривал на Јувентус во Серија А. Очекуваме тврд меч со многу тактика и типуваме победа на гостите.

Предлог тип: 2&0-4 (2.30)

 

6004 Севилја – Борусија Дортмунд (Лига на шампиони, 21 часот)

Дуел на две екипи со голем офанзивен потенцијал, па се очекува да има голови на двете страни. Интересно е што Севилја има долг серијал од 7 меча во Шпанија на кои не прими ниту еден погодок, што потврдува дека дефанзивата и голманот Бону функционираат како часовник.

Сосема спротивно, Борусија Дортмунд примаше гол на последните 8 меча и навивачите се незадоволни од играта на одбраната.

Двете екипи играа во групната фаза во Лигата на Европа, кога Севилја победи во Дортмунд со 1:0 и потоа во клучниот и последен дуел ремизираше 2:2 дома и го престигна ривалот за еден бод.

Вечерва на Севилја ќе ѝ недостасуваат Окампос, Навас и Акуња, но Борусија има многу поголеми проблеми и речиси тројно повеќе отсутни играчи. Азар, Мение, Пишчек, Шмелцер, Вицел, Загаду, голманот Бурки и Делани не можат да настапат, па ќе типуваме дека Севилја сигурно ќа даде гол, но и дека Халанд, Санчо, Реина или некој друг од играчите на Милионерите со гол ќе ја прекине низата на домаќините од 7 меча без примен погодок.

Предлог тип: ГГ (1.66)

 

1002 Евертон – Манчестер сити (Премиер лига, Англија, 21.15 часот)

Евертон доживеа непријатен пораз од Фулам што може скапо да ги чини Карамелите на нивниот пат до евентуален настап во европските купови. Проблем е и што им се повреди Хамес Родригес, чиј настап е неизвесен.

Против Фулам не настапи ниту најдобриот стрелец на тимот Калверт-Луин, а неизвесно е дали ќе игра и против Манчестер сити.

Ова е можеби и клучниот меч за гостите и ако победат на „Гудисон парк“, веројатно ќе ја освојат и титулата во Англија бидејќи ќе имаат предност од 10 бода пред Манчестер јунајтед и Лестер.

Популарните граѓани играат импресивно и имаат феноменална серија од 23 натпревари без пораз и рекордна низа од 16 победи, најдолга во историјата на англискиот фудбал.

Проблем ќе им биде ако не игра повредениот Илкај Гундоган, кој блескаше во последно време, но Сити се претвори во пеколна гол-машина со многу квалитетни офанзивци.

И Евертон сака да игра напаѓачки, па очекуваме голови на „Гудисон парк“.

Предлог тип: 2+I&4+ (3.65)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести