Италијанците го објавија списокот со кои кошаркари ќе ѝ се спротивстават на Македонија

Италијанскиот кошаркарски селектор Мео Сакети го објави списокот на 12-те кошаркари на кои ќе смета за утрешниот меч против Македонија во квалификациите за пласман на Европско првенство. Дуелот се игра на неутрален терен во „балонот“ во Перм.

По досега одиграните квалификации, Италија има перфектен биланс од три победи во три меча, додека Македонија ги загуби двете средби кои ги одигра. Од 14-те кошаркари кои ги поведе на пат за Русија, предводникот на Аѕурите се одлучи на трибините да се најдат Микеле Витали и Симоне Заноти.

Мечот започнува утре од 15.30 часот, а Италија ќе биде во следниот состав:

Никола Акеле, Давиде Алвити, Томасо Балдасо, Филипо Балди-Роси, Џордано Бортолано, Леонардо Канди, Амедео Дела Вале, Габриеле Процида, Џампаоло Ричи, Матео Спањоло, Марко Спису и Амедео Теситори.

- Оглас -

Најнови вести