Зорилја ќе падне пред Кралот, Лилјаците ќе го одбранат култниот бедем „Месталја“

3004 Џенова – Верона (Серија А, Италија, 18 часот)

Ова е можеби и клучниот меч за Џенова во Серија А и ако успее да ја победи Верона опстанокот ќе биде речиси сигурен. Предност од 13 бода на 15 кола до крајот во Италија е недостижна, а токму толку ќе се оддалечи Џенова од Калјари.

Верона има поинакви планови и со победа би фатила приклучок со екипите кои ќе изборат настап во еврокуповите. Иако се аустајдери во таа трка, сепак избраниците на Иван Јуриќ нема да се откажат и најавуваат јуриш на победа на „Луиџи Ферарис“.

И двете екипи се во позиција да одиграат порелаксирано што може да донесе голови во Џенова во интересен меч.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

1006 Ливерпул – Евертон (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Импресивна серија од 23 меча без пораз има Ливерпул во дуелите со градскиот ривал Евертон. Ваква доминација е ретка кога е работи за најзначајните градски дерби пресметки во светскиот фудбал, но серијата е актуелна и трае од 2010 година.

Тогаш последен пат Карамелите го победија свпојот најголем ривал и се потоа е во знакот на Црвените од „Енфилд Роуд“.

И двете екипи се во непријатни мини-серии со порази во Премиерлигата, но и со шанси за настап во Лигата на шампионите идната сезона.

Ливерпул нанижа три неуспеси по ред, против Брајтон, Манлестер сити и Лестер и сонот за одбрана на титулата тешко ќе стане јаве. Заостануваат дури за 16 бода зад лидерот Манчестер сити, разлика што тешко се стига, па ќе се насочат кон битката за една од следните три позиции, зад Граѓаните.

И Евертон има слични амбиции и ако успее да го победи Ливерпул по 11 години пауза ќе се израмни со нив по бројот на бодови, 40, на делба на шесттата позиција.

Двете екипи немаат причина за посебни калкулации, па очекуваме градско дерби со голови на „Енфилд Роуд“.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

1806 Шалке 04 – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Големото локално дерби на Рур е многу значајно во Германија и секогаш носи возбуда, а ривалитетот е голем. Шалке 04 е единствената екипа во Бундеслигата што ја нема минато границата од 10 бода сезонава и денеска има шанса со реми, или победа конечно да стаса до двоцифрен број на бодови.

Тимот од Гелзенкирхен е последен на табелата и главен кандидат за испаѓање, па бодовите му се многу важни. Истото важи и за Борусија, екипа која има само една победа на последните пет меча во германското првенство, ефект што доведе до пад на шесттото место.

Иако ривалитетот е огромен и бодовите значат двојно и за Шалке 04 и за Борусија, денеска нема простор за многу калкулации. Јасно е дека и Шалке и Милионерите од Дортмунд мора да одат на победа и очекуваме многу голови и најмалку по еден во двете мрежи во првото полувреме.

Предлог тип: ГГ прво полувреме (4.50)

 

1305 Валенсија – Селта Виго (Ла Лига, Шпанија, 18.30 часот)

Чудно, но Валенсија е еден од најслабите домаќини во Ла Лига, нешто што не се случило оддамна. Месталја е еден од најтешките терени за гостување, но без публика и во ситуација во каква што е Валенсија со многу финансиски проблеми и долга листа на продадени квалитетни играчи и опстанокот ќе биде позитивен резултат за некогашнито двеоен европски вицешампион.

Вечерва императив за Лилјаците е да ја победат Селта за да се оддалечат од опасната зона од која ги делат само три бода.

Селта е гостинскиот тим со најмногу нерешени резултати, дури 7 на 12 натпревари, а има само една победа. Нема да имигра капитенот и икона на клубот Јаго Аспас, отсутен ќе биде и вториот напаѓач Браис Мендес, што е шанса за Валенсија да нападне и да победи.

На последните четири гостувања на „Месталја“ тимот од Виго освои само еден бод, а ќе типуваме дека и денеска ќе си замине со празни раце.

Предлог тип: 1 (2.55)

 

1306 Валјадолид – Реал Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Не се знае кому ќе му биде потешко поради долгите листина отсустни играчи и кај Валјадолид и ка Реал Мадрид. Гостите ќе играат без Бензема, Рамос, Карвахал, Марсело, Валверде и уште неколку играчи, па Зинедин Зидан ќе мора да крпи состав за победа.

И Валјадолид има многу мака како да се состави тим што ќе може да му се спротивтсави на гигантот. Одличниот Оскар Плано ја предводи листата од 8 отсутни фудбалери што нема да истрчаат на „Зорилја“ вечерва од 21 часот.

Втор проблем за домаќините е што се во исклучително лоша форма и во лоша позиција на табелата. Немаат победа на 7 меча по ред во сите конкуренции во Шпанија, а се наоѓаат на 18. место кое води во понизок ранг на натпревари.

Третиот проблем им е што Реал Мадрид и буквално ги гази во меѓусебните дуели и има долг серијал од 12 меча без пораз.

Гостите и покрај проблемите имаат поголем избор на квалитетни играчи и ќе ја освојат „Зорилја“.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести