Канаринците со песна ќе го прегрмат гостувањето кај најслабиот домаќин во Чемпионшип

1001 Лидс – Саутхемптон (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Двете екипи играат напаѓачки фудбал и имаат опасни стрелци и добри офанзивци. Патрик Бамфорд игра одлична сезона за Лидс и со 12 гола е на шестото место на листата со најдобри голгетери во Премиер лигата.

На спротивната страна, нападот на Светците од Саутхемптон ќе го предводи Дани Ингс, лани вториот најдобар стрелец во Лигата. Сезонава постигна 8 гола, но и пропушти доста натпревари поради повреда. Со него во нападот е и незгодниот Че Адамс, а гостите имаат уште неколку опасни офанзивци.

Лидс игра одлична сезона во Премиер лигата по камбекот на кој чекаше цели 16 години. Ако победат вечерва, ќе стават точка на сите дилеми околу опстанокот, а ќе можат и да конкурираат за местата што водат во Европа.

Двете екипи имаат чиста позиција, можат да играат порелаксирано и да атакуваат на победа, што ветува меч со многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.89)

 

1603 Бирмингам – Норвич (Чемпионшип, Англија, 20 часот)

Чудни работи му се случуваат на некогашниот премиерлигаш Бирмингам, а серијата од неверојатни 11 меча без победа на домашен терен е за Рипли.

Од нив дури 9 завршија со пораз на Бирмингам, а освоија само два од можните 33 бода, што ги доведе на еден чекор над зоната за испаѓање.

Ова ќе биде дуел на најлошиот домаќин во Чемпионшип лигата, Бирмингам, против најдобриот гостин, Норвич. Популарните Канаринци се лидери на табелата со убави 7 бода предност пред главните конкуренти за директна промоција во Премиер лигата и нема да пропуштат шанса за победа против тим што е во длабока криза.

Предлог тип: 2 (1.90) Супер тип на Sport Life

 

1016 Викомб – Ридинг (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)

Викомб е последен на табелата во Чемпионшип лигата и ќе биде вистинско чудо ако успее да се спаси од испаѓање. Има 20 бода, или 11 помалку од Бирмингам, екипа која е прва над опасната зона.

Денеска на гости им доаѓа кандидатот за промоција во Премиер лигата, а лошо за Викомб е што не го победиле Ридинг од 1999 година, или на последните 9 меѓусебни дуели.

И двете екипи не се во позиција да калкулираат со евентуално реми, на домаќините воопшто не им одговара таков исход, а исто е и со Ридинг, екипа што со неколку неочекувани порази си ги подрасипа шансите за директна промоција во најсилниот ранг на натпревари во Англија.

Разлика во квалитет има меѓу двете екипи и очекуваме избраниците на Вељко Пауновиќ да се вратат на победнички колосек во битката за првите две позиции во Чемпионшип лигата.

Предлог тип: 2&ГГ (4.35)

 

6005 Атлетико Мадрид – Челзи (Лига на шампиони, 21 часот)

Атлетико Мадрид поради пандемијата со ковид-19, нема да има можност да игра на својот стадион „Ванда Метрополитано“, што е хендикеп за лидерот во Ла Лига, без разлика што нема публика на фудбалските натпревари.

Првиот меч од интересната пресметка во осминафиналето ќе се игра на националната арена во Букурешт, па шансите се некако израмнети.

Во меѓусебните дуели во Лигата на шампионите, Челзи е посупешен со две победи, три нерешени и еден пораз, но Атлетико славеше во Суперкупот на Европа во 2012 година со 4:1, па вкупно билансот е израмнет на 2-3-2.

На англискиот клуб ќе му недостасува само стоперот Тијаго Силва, а неизвесно е и дали Тами Абрахам ќе може да игра, додека Чоло Симеоне ги има познатите проблеми со повредите на Врсаљко, Ерера, Хименес, Караско и суспендираниот Трипие. И двете екипи знаат да одиграат тактички меч, црвсто и на резултат, па очекуваме тврд меч, со малку голови и мала предност за Атлетико Мадрид.

Предлог тип: 1Х&2>1 (3.25)

 

6006 Лацио – Баерн Минхен (Лига на шампиони, 21 часот)

Според коефициентите, Баерн е голем фаворит против Лацио во Рим, но и европскиот првак покажа дека има слаби точки. Загубија од Ајнтрахт Франкфурт, претходно кикснаа и со Арминија Билефелд во натпревари од Бундеслигата, па Лацио ќе се обиде да ја искористи малата криза кај Баварците.

Ханси Флик има и доста проблеми со повредени играчи, заморот со многу набиен распоред очигледно му задава мака на шампионот, па Баерн мора да внимава да не доживее нов непријатен неуспех што може скапо да го чини.

За гостите нема да играат Павард, Толисо, веројатно и Милер и Гнабри од стандардните играчи, а кај Лацио остутен ќе биде само Луис Фелипе. Домаќините имаат опасни офанзивци во Чиро Имобиле, Кореа, тука е и Сергеј Милинковиќ-Савиќ и уште неколку исклучително квалитетни играчи, па ќе типуваме дека ќе му дадат барем еден гол на актуелниот европски првак.

Предлог тип: ГГ (1.50)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести