3002 Специја – Парма (Сабота, 15 часот)
Ова е многу значаен меч и за двете екипи, што може и да им ја реши судбината во Серија А. Особено на Парма, ако загуби на „Алберто Пико“ денеска. Во таков случај ќе бидат многу блиску до испаѓање.
Добро за гостите е што имаат одлична традиција против Специја и немаат пораз на досегашните меѓусебни дуели. Специја со евентуална победа речиси сигурно ќе ја игра и втората сезона во Серија А во клупската историја. Како играат досега во дебитантскиот настап заслужуваат да останат прволигаши.
На првиот меч во петтото коло против Парма ја испуштија победата во последен момент, а ремито 2:2 можеби и ќе се повтори денеска. Очекуван нов возбудлив дуел меѓу мојот поранешен клуб и Парма и да има голови и тоа многу на двете страни.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.40)
3004 Верона – Јувентус (Сабота, 20.45 часот)
Верона и Јувентус имаат долга историја на меѓусебни дуели и најчесто има доста голови. Јувентус двапати загуби на последните три гостувања на „Бентегоди“, но сега типувам дека ќе победи.
Старата дама не блеска, напротив воопшто не се на препознатливо ниво, особено во одбраната, но веќе немаат право на кикс, ако сакаат да останат во трката за десеттто Скудето по ред во Серија А.
Верона игра многу солидна сезона, не загуби од Јувентус во Торино, но сепак се аутсајдери денеска. Ќе им недостасува напаѓачот Калиниќ, а Јувентус дури има и повеќе проблеми со повредени и отсутни играчи. Кјелини, Квадрадо, Артур, Данило, Бонучи и Дибала не се подготвени, а сите се значајни во системот на ротација на Пирло, особено во овој период кога продолжија натпреварите и во Лигата на шампионите.
Јувентус треба да победува и да се пази од дополнителни повреди пред реваншот со Порто. Очекувам гостите да ги освојат бодовите, со решавачки гол(ови) во второто полувреме.
Предлог тип: Х-2 (4.45)
3007 Интер – Џенова (Недела, 15 часот)
Според играта што ја прикажуваат фудбалерите на Интер се први фаворити за титулата во Серија А. Голем потстрек за избраниците на Конте е што во последните пет-шест кола ги победија и Милан и Јувентус и Лацио, сите конкуренти за Скудетото.
Џенова под команда на Давиде Балардини е како нова екипа и веќе е на прагот да ја оствари главната цел, опстанок во Серија А.
Ако добие шанса да игра ова ќе биде специјален меч за Горан Пандев. Со Интер ја освои познатата триплета во 2010 година, а сега ќе му биде противник на тимот во кој го доживеа врвот во кариерата и најголемите клупски успеси.
Џенова ќе има психолошка предност, бидејќи нема што да загуби, па гостите можат да бидат порелаксирани за разлика од Интер, кој е под притисок на секој меч на кој мора да се победува за да се остане во трката за титулата.
Мојот прв клуб во Италија сепак покажа дека знае да се носи со притисокот и очекувам со гол(ови) во првото полувреме да го реши мечот.
Предлог тип: 1-1 &3+ (2.30)
3009 Наполи – Беневенто (Недела, 18 часот)
Неуспешна е сезоната за Наполи и се појасно е дека ќе останат без трофеј. Притисокот врз Џенаро Гатузо е постојан за негова смена, што очигледно влијае и на атмосферата кај играчите.
За Скудето веќе и не станува збор, наполитанците испаднаа и од Купот на Италија и од Европа Лигата, па сега приоритет им е да обезбедат настап во Лигата на шампионите идната година.
Според квалитетот и фондот на играчи што го има Наполи сезоната им е слаба, но се уште можат да ја спасат делумно, ако бидат меѓу најдобрите четири екипи во Италија на крајот од сезоната.
За тоа им треба победа против Беневенто, клуб кој го победуваа во сите пет меѓусебни дуели, со вкупна гол-разлика од 15:1. Иако билансот на гостите против Наполи е катастроафален очекувам да им дадат барем еден гол, но и ќе типувам на нов триумф на фаворитот.
Предлог тип: 1&ГГ (3.05)
3010 Рома – Милан (Недела, 20.45 часот)
Влогот е голем во дербито на 24. коло во Италија, а бодовите се исклучително важни за двете екипи што се надеваат на титулата. Милан е во мини-криза што ја потврди и реваншот мечот со Црвена Ѕвезда, кога имаа и среќа за да не испаднат од Европа Лигата.
На последните два меча во првенството затаи најсилното оружје на Милан, нападот, па останаа без гол и против Специја и со Интер. Засилувањето Манџукиќ нема да игра, кај Рома отсутен ќе биде Џеко, па некако има баланс и личи на меч без победник.
Во првиот дел беше 3:3 во Милано, а и сега типувам на нерешен исход во дербито во Серија А.
Предлог тип: Х (3.45)