Денешниов ден ќе го разубават несекојдневни градски дерби-дуели во Сараево и Хамбург

3664 Железничар – Сараево (Премиер лига, БиХ, 17.30 часот)

Едно од најголемите градски фудбалски дербија во Европа ќе се игра по 142-ри пат, а двете екипи се речиси израмнети во многу категории.

Железничар има шест титули по осамостојувањето на БиХ и една од поранешна Југославија, а Сараево е со пет пехари во сегашната држава и два во поранешната држава.

Популарниот Жељо е постар клуб, формиран е во 1921 година и на 19 септември годинава се подготвува за спектакуларна прослава на 100-годишнината од постоењето. Сараево е основан во 1947 година и оттогаш почнува големиот ривалитет меѓу двете екипи.

Денеска на трибините на „Грбавица“ ќе ги нема „Манијаците“ на Железничар и „Орде Зла“, кои се најголемата навивачка база на ФК Сараево.

Сараево може со победа во првото пролетно коло да потврди дека е голем фаворит за титулата, а ако Железничар ги освои бодовите, тогаш разликата ќе биде само шест бода како најава за интересна трка за шампионската круна.

Жељо има повеќе победи, 45, во однос на Сараево, 42, а најчесто мечевите завршувале нерешено, дури 54 пати. Условно кажано, домаќините не можат да калкулираат и ако не победат, ќе се простат од шансите за титулата, па очекуваме возбудливо дерби, со најмалку по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.52)

 

2838 Клуж – Арѓеш (Лига 1, Романија)

Шампионот мора да игра офанзивно на победа за да ја стигне Стеауа, или ФЦСБ, како што сега се нарекува најголемиот романски клуб. Клуж е фаворит, но мора да внимава на опасните контри на гостите, кои играат фантастично во последните два месеца и немаат пораз во 2021 година.

Арѓеш нанижа дури 11 меча на кои е непоразен, а се подготвува и за изненадување против шампионот. Швајцарецот Малеле, кој е меѓу најефикасните стрелци во Романија со 8 гола, ќе го предводи нападот на гостите во обидот да се споре серијата од 9 меча без триумф против Клуж и да се продолжи блескавата низа од 11 меча без пораз.

Клуж има и поголемо реноме и поквалитетен тим, но за шампионот на Романија ова ќе биде опасен меч.

Предлог тип: ГГ (2.60)

 

1819 Сент Паули – Хамбургер (Бундеслига 2, Германија, 20.30 часот)

Ова е уште едно значајно градско дерби, а Сент Паули и Хамбургер ќе играат меѓу себе по 94-ти пат. Популарниот ХСВ е многу поголем клуб во европски рамки со една шампионска круна на Стариот Континент, освоена во Купот на европските шампиони во сезоната 1982/83. Шестпати беше германски првак, има и еден пехар од европскиот Куп на победници на купови, што потврдува за каков клуб се работи.

Во последните две сезони „заглавија“ во популарната Цвајта и бијат жестока битка за камбек во Бундеслигата. Ако го победат вечниот ривал Сент Паули, ќе бидат први на табелата со еднаков број бодови како и Бохум и Холштајн Кил. Само две екипи одат директно во највисок ранг на натпревари, што покажува колку им значат бодовите од денешниот дуел со Сент Паули.

Домаќините се борат за опстанок, имаат речиси трипати помалку победи од ХСВ во меѓусебните дуели, 20 наспроти 59, а и денеска ремито не е добра опција и за двете екипи.

Преклани со победата од 4:0 на гости, Хамбургер за првпат славеше на „Милернтор“ од 1962 година, а типуваме дека вечерва ќе има реприза од 2019 година.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

1001 Евертон – Саутхемптон (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Евертон има супер шанса со две победи за четири дена да се пробие до четвртата победа што носи пласман во Лигата на шампионите. Карамелите имаат два меча помалку од ривалите и ако слават денеска со Саутхемптон и го победат Вест Бромич на гостински терен, ќе бидат на посакуваното место во Премиер лигата.

Гостин им е Саутхемптон, тим што е во катастрофална форма со 8 меча без победа во англиското првенство. Во тој циклус примија дури 24 гола, или три во просек. Поразот од 9:0 од Манчестер јунајтед е срамен за Светците од Саутхемптон и остави трага на играчите, а според тоа како играат, ниту опасната зона за испаѓање сега не е далеку.

И двете екипи имаат одлични офанзивци, Евертон е во многу подобра форма и осоколен по победата против Ливерпул ќе ги освои бодовите во меч со најмалку три погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (3.65)

 

1350 Реал Мадрид – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Реал Мадрид е во позиција со победа да ја прескокне Барселона и да биде втор во Ла Лига само со 3 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид. Ова сценарио изгледа реално, но Кралевите имаат многу проблеми со повреди на клучните играчи.

Бензема, Рамос, Азар и Карвахал се квалитет што тешко се надоместува, а тие четворица нема да играат, плус Милитао и веројатно и Марсело и Одриозола.

Реал и без нив успеа да ја победи Аталанта, но со многу среќа, па и вечерва ќе им треба Талијата за да го победат незгодниот гостин од Баскија.

И Реал Сосиедад е десеткуван, дури без осуммина играчи, кои се повредени или немаат право на настап поради картони. Гостите имаат опасен напад со Исак, Ојарзабал, Порту, Јанузај… и се четвртиот најефикасен тим во Ла Лига.

Меѓусебните дуели на двете екипи во последно време се исклучително ефикасни, па ќе типуваме дека ќе се тресат мрежите и на Куртоа и на Ремиро.

Предлог тип: ГГ (1.73)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести