Патките некогаш беа моќни, сега се последни и „печени“ за нов пораз од Сент Луис

8001 Филаделфија 76 – Јута џез (НБА, 01 часот)

Како загревање за олстар-викендот што следува, ноќеска во НБА-лигата ќе играат лидерите во двете конференции. Јута џез го има најдобриот биланс во Лигата со 27 победи и 8 порази, а Филаделфија е најдобрата екипа на Истокот со 23 победи и 12 порази.

Сезонава двете екипи играа меѓу себе и Јута славеше убедливо со 134:123, но тогаш како гости 76-ките играа без својот најдобар кошаркар Џоел Ембид.

Центарот на Филаделфија сега е подготвен за предизвикот, да го предводи тимот до победа против единствената екипа што има едноцифрен број порази во НБА-лигата.

На 76-ките веројатно ќе им недостасува Тобијас Херис, кој е значаен адут на екипата. Поради повреда на коленото, неговиот настап ноќеска е неизвесен.

И двете екипи играат одлична, атрактивна и брза кошарка, ова е дерби во програмата од 10 натпревари во НБА, па очекуваме да има многу кошеви.

Предлог тип: >226.5 поени (1.94)

 

8497 Орландо меџик – Атланта хоукс (НБА, 02 часот)

Нејт Мекмилан имаше супер деби на клупата на Атланта и ја почна новата одисеја во НБА-лигата со победа против вицешампионот Мајами хит.

Хоукс повторно ќе гостуваат, но остануваат на Флорида, сега на дуел со Орландо меџик и ќе се обидат да стигнат до 16-та победа сезонава во 36-тиот натпревар.

Интересно е што во досегашните 120 натпревари што ги имаат одиграно двата тима меѓу себе, билансот е израмнет 60-60, а и лани серијата беше 2-2 во меѓусебните дуели.

Орландо е во негативна низа од четири порази по ред, а ќе биде и хендикепиран против Атланта. Нема да играат Гордон, Фулц, Ајсак и веројатно и Фурние, што е голем проблем за домаќините.

Атланта има квалитетен тим и може да го победи Меџик и да поведе со 61-60 во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 2 (1.66)

 

8312 Едмонтон ојлерс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 02 часот)

Двете екипи се изнаиграа меѓу себе сезонава и ова ќе им биде седмиот меч. Поради корона-вирусот, канадските и американските екипи се изолирани и не играат меѓу себе во регуларниот дел, па затоа има многу натпревари и меѓу Едмонтон и Торонто.

Резултатот е 4:2 за Торонто, екипа што води убедливо во Северната дивизија во НХЛ со 36 бода. Едмонтон е на третото место со 8 бода помалку.

Интересно е што и двете екипи имаат биланс од 7 победи и три порази на последните 10 натпревари, што е солиден ефект. Малку е чудно што тим како Едмонтон, кој игра агресивно, не успеа да му даде гол на Торонто на последните два меча.

Ова ќе биде возбудлив дуел на две екипи што имаат дури четири хокеари во Топ-5 во НХЛ според поените, каде што се сметаат головите плус асистенциите.

Мек Дејвид од Едмонтон е лидер со 40 поени, трет е неговиот соиграч Драјсајтл со 34 поени, а Марнер со 33 и Метјуз со 31 поен од Торонто се на четвртото и петтото место. Сите ќе играат ноќеска и очекуваме ефикасен меч.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

8331 Анахејм дакс – Сент Луис блус (НХЛ; 03.30 часот)

Некогаш моќните патки беа со историска прва декада од овој милениум, кога Анахејм освои една титула во 2007 година, а четири сезони претходно дебитираше во финалето на Стенли купот, но загуби.

Сега се во голема криза и на последното место на табелата во Западната дивизија само со 17 бода на 22 натпревари. Патките имаат и црна серија од 7 порази, последниот од нив токму против Сент Луис со 4:5 пред две ноќи.

Блус беа шампиони во 2019 година и сега се меѓу главните фаворити за пехарот во НХЛ, иако моментно имаат многу проблеми со повредите.

Против Анахејм нема да играат дури осуммина хокеари на Сент Луис, меѓу нив и големите адути Тарасенко, Шварц, Барбашев… И со таков хендикеп, гостите се фаворити и типуваме дека ќе ја продолжат серијата од пет победи што ја имаат против домаќинот.

Предлог тип: 2&5+ (3.23)

 

8334 Сан Хозе шаркс – Колорадо авеланш (НХЛ, 04.30 часот)

Ајкулите го изненадија Колорадо пред две ноќи и го декласираа со 6:2, со што ја прекинаа серијата од четири порази против Авеланш. Интересно е што Сан Хозе направи огромен пресврт откако губеше со 0:2, па со шест гола по ред славеше победа, што ќе му даде поттик да се обиде да се приклучи кон позициите кои водат во плејофот.

За такво нешто ќе им треба многу подобра дефанзива од тоа што го прикажаа на досегашните 19 меча, на кои примија дури 73 гола, најмногу во Западната дивизија.

Колорадо е меѓу фаворитите за титулата, а за сигурен чекор кон плејофот, што е првична цел, им треба многу подобри изданија од најдобриот хокеар Нејтан Мекинон. Лани имаше неверојатни 118 поени, а досега сезонава прокнижи 21, што е под очекувањата.

Сан Хозе има искусни напаѓачи од калибарот на Кучур, Марло и Кејн, гостите се ефикасна екипа, па и тука очекуваме да има многу голови.

Предлог тип: > 5.5 гола (1.70)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести