1802 Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)
Двете екипи го загубија чекорот во битката за местата што водат во Лигата на шампионите, па ова им е шанса за рехабилитација. Борусија има пет порази и едно реми на последните шест натпревари и некако во овој дел од сезоната ги губат шансите на двата фронта и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.
И Баер е во слична ситуација, со пет меча без победа и незгодна елиминација во Европа Лигата од Јанг Бојс. И двете екипи играат офанзивен фудбал, очекувам меч за гол повеќе и можеби дури и реприза од дуелот во првиот дел од сезоната на кој имаше 7 погодоци во триумфот на Баер со 4:3.
Предлог тип: 4+ (2.60)
1803 Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)
Ајнтрахт е една од трите екипи во Бундеслигата што се уште нема пораз сезонава на домашен терен и очекувам серијата на мојот поранешен тим да продолжи.
Малку подзастанаа со неочекуван пораз од Вердер во минатото коло, но имаат квалитетен тим што може да започне нова победничка серија и да се избори за настап во Лигата на шампионите.
Штутгарт нема што да загуби денеска во Франкфурт. Играат одлично на гостински терен сезонава и очекувам и тие да напаѓаат, што ветува меч со многу голови.
Ајнтрахт е поквалитетен тим и ќе типувам дека ќе победи во меч со најмалку три гола.
Предлог тип: 1&3+ (2.65)
1804 Фрајбург – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)
Лајпциг е во одлична серија од шест победи по ред во Бундеслигата и е во позиција да му се закани на Баерн Минхен во битката за титулата, особено ако и денеска успее да го надигра Фрајбург.
Ова е можеби и клучен меч за Биковите, особено ако се знае дека загубија на последните три гостувања на „Шварцвалд“ против Фрајбург.
Сепак секоја серија има и крај, а денеска типувам на подобриот тим, а тоа се гостите од Лајпциг кои ќе ги освојат бодовите, иако имаат доста проблеми со повредени играчи.
Предлог тип: 2 (1.75)
1608 Хофенхајм – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)
Очекувам одличниот тим на Волфсбург да ја продолжи прекрасната серија од девет меча без пораз во Бундеслигата и да прослави десетка со победа против Хофенхајм.
Домаќините не играат добро, а шокантна е елиминацијата од Молде во Европа Лигата. Очекуваа сигурен пласман во осминафиналето, но иако имаа добар резултат од првиот меч во Норвешка, испаднаа.
Тоа може да се одрази на атмосферата во тимот на Хофенхајм, а дополнителен хендикеп денеска ќе им биде и отсуството на 7-8 играчи поради повреди.
Волфсбург победуваше на последните две гостувања кај Хофенхајм и очекувам и хет-трик.
Предлог тип: 2 (1.85) Супер тип на Sport Life
1807 Баерн Минхен – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)
Најголемото германско дерби минува во доминација на Баерн Минхен, екипа што забележа и неколку убедливи победи од 5:0 и 6:0 против Борусија во последните сезони.
Шампионот на Германија навреме се разбуди по ремито со Арминија и поразот од Ајнтрахт, па со убедлива победа од 5:1 против Келн избегна подолга криза на резултати.
И дел од повредените играчи се вратија во строј кај Баерн и за разлика од нив сега Борусија има поголеми проблеми.
Најавено е дека Санчо нема да игра, исто и Рејна и Гереиро, што е голем хендикеп за Милионерите на ваков меч. Отсутни се и Витсел, Аканџи, Шмелцер, Пишчек што е премногу за меч против најтрофејниот тим во Германија.
Очекувам победа на Баерн Минхен во интересно дерби со најмалку три гола.
Предлог тип: 1&3+ (2.06)