Треба да се следат перфектните прогнозери, направија квота од 287, а го бркаат и Ајфонот 11

Дури 16 прогнозери имаат максимални шест погодоци по шесте саботни дуели во 26. коло на Спортска прогноза. Овие 16-мина се во трка за Среќна 13-ка и за освојување на вредниот мобилен телефон Ајфон 11 на Спортска прогноза. Денеска се играат уште шест меча, а за утре е закажан последниот дуел меѓу Интер и Аталанта.

Вкупно 2.152 прогнозери се дел од ова коло и ако се знае дека има толку многу перфектни прогнозери, убаво ќе биде да се направи тикет од денешните мечеви според најголемиот процент на добиените фиксови. Возбудувањата ќе започнат уште во 13 часот кога ќе играат Вест Бромвич Албион и Њукасл. Над 46 отсто од прогнозерите очекуваат нерешен исход на овој дуел. Речиси ист процент е и за победа на Келн во дуелот против Вердер.

„Икс“ очекуваат дури 43 отсто кои типувале на шпанското дерби меѓу Атлетико и Реал. Во победа на Реал веруваат едвај 19 отсто. Многу појасни се работите за англиското дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Во Граѓаните веруваат две третини од прогнозерите (67 отсто).

Последните два денешни меча треба да завршат со победа на домаќините. Огромни 85 отсто очекуваат победа на Атлетик Билбао против Гранада, а точно 47 отсто е процентот дека Арменија Билефелд ќе слави против Унион Берлин.

Вкупниот коефициент на овие шест меча уплатени во Sport Life е 287.92, што значи дека за само 20 денари можната добивка е 5.758 денари.

1005 ВБА – Њукасл                                Х (3.15)

1808 Келн – Вердер                                1 (2.90)

1307 Атлетико М. – Реал М.                  Х (3.10)

1010 Манчестер с. – Манчестер ј.        1 (1.58)

1809 Арменија Б. – Унион Берлин        1 (3.90)

1309 Атлетик Б. – Гранада                     1 (1.65)

—————————————————————

Вкупен коефициент:                             287.92

 

- Оглас -

Најнови вести