1803 Унион Берлин – Келн (Сабота, 15.30 часот)
Унион Берлин е неверојатна екипа и супер изненадување во Бундеслигата. Кога се очекуваше да паднат во формата избраниците на Урс Фишер направија серија од четири меча без пораз и пак се кандидати за европски настап.
Имаат проблеми со повреди на играчите, денеска е најавено дека нема да играат петмина важни фудбалери, но Унион игра одлично и е фаворит против Келн.
Јарците се борат грчевито за опстанок во Бундеслигата и ќе имаат голем мотив да освојат барем еден бод.
Домаќините се и во серија од пет меча без пораз против Келн, но денеска ќе типувам дека нема да има победник на „Форстереј“ во Берлин.
Предлог тип: Х (3.25)
1804 Волфсбург – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)
Како одминува првенството се помали се шансите на Шалке 04 да се спаси од најлошото, од испаѓање во Втората лига. Со само една победа во 24 кола не се опстанува во силна лига каква што е германската и мали се шансите за тимот од Гелезенкирхен да приреди чудо.
Реално имаат и многу проблеми со повредени играчи и денеска нема да им играат дури 11 фудбалери, или цел еден тим. Тоа само ќе им ја отежни задачата против екипа што игра одличен фудбал и е на третото место на табелата.
Волфсбург изненади сезонава и има реални шанси да игра во Лигата на шампионите, па денеска домаќините ќе нападнат со сите сили против ослабениот фенерџија.
Во меч од германскиот куп го победија Шалке 04 со 1:0 пред еден месец, а сега очекувам да бидат многу поефикасни.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.95)
1805 Мајнц – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)
Мајнц има многу слаба сезона и е сериозен кандидат за испаѓање, иако во последните неколу кола приреди две изненадувања со победа против Борусија Менхенгладбах и реми со Баер Леверкузен.
Бо Свенсон ќе има сложена задача да го води тимот до опстанок во Бундеслигата, а по денешниот меч очекувам мисијата да му биде уште потешка.
Фрајбург е поквалитетен тим и ако победи ќе се приклучи кон екипите што се кандидати за настап во Европа Лигата.
Гостите имаат и специјален мотив да му се реваншираат на Мајнц за катастрофалниот пораз од 0:5 на „Опел арена“ пред две години.
Лани победија со 2:1, а очекувам и денеска да ги освојат бодовите.
Предлог тип: 2 (2.75)
1806 Вердер – Баерн (Сабота, 15.30 часот)
Што да се каже за меч во кој шампионот е надмоќен и во Бундеслигата и апсолутно во меѓусебните дуели со Вердер.
Серијата од 13 победи на Баварците кога гостуваат на „Везер“ е феноменален потфат, а имаше и екстра убедливи победи од 7:0, 6:0, 6:1.
Вердер нема тим што може да му се спротивстави на Баерн и очекувам серијалот на шампионот да продолжи со нова убедлива победа. Баерн има проблеми со неколку повредени играчи, но има супер квалитетен и широк ростер на фудбалери и очекувам да доминира во Бремен.
Предлог тип: 2-2&4+ (3.05)
1807 Борусија Дортмунд – Херта (Сабота, 18.30 часот)
Ерлинг Халанд е чудо од играч и успева со голови и одлични настапи да ја држи Борусија во конкуренција на три фронта. Играчите на Борусија чувствуваат замор, бидејќи играат со забрзано темпо во Бундеслигата, во Лигата на шампионите, а ги чека и меч со Холштајн Кил во германскиот куп.
Имаат и доста повредени играчи, но сепак го имаат неверојатниот стрелец Халанд и подобри играчи од Херта.
И за нив и за Херта ова ќе биде многу значаен меч. Борусија мора да победи, ако сака да остане конкурент за позициите што водат во Лигата на шампионите.
Тимот од Берлин е блиску до опасната зона, само една скалило над, па ќе бие неизвесна битка за опстанок во многу лоша сезона за тимот од главниот град.
Пал Дардаи нема многу избор, особено по повредите на дел од клучните играчи и бод за гостите би бил полна капа и голема сензација.
Сепак Борусија е сериозен тим и може да ја победи Херта и без Санчо, Витсел, Аканџи, Рејна…
Предлог тип:1&3+ (2.14)