3001 Торино – Саусоло (Серија А, Италија, 15 часот)
Торино има неверојатна серија од 12 меча без победа на домашен терен, нешто што не му доликува на 7-кратен првак на земја што е четирикратен светски првак.
Биковите се мачат сезонава и ако се спасат од испаѓање ќе слават, бидејќи играат многу лошо. Тимот има квалитет и играчи како Белоти, Заза, Верди… кои биле, или се репрезентативци на Италија.
Денеска во заостанатиот меч од 24. коло во Калчото не смеат да загубат од Сасуоло, екипа која е многу незгодна и со квалитетни поединци. Саусоло е шестиот најдобар гостин сезонава во Серија А, игра добро во континуитет неколку сезони по ред и може да остане непоразен на “Олимпискиот стадион“ во Торино.
Домаќините се во незавидна ситуација, но како играат и еден бод ќе биде полна капа за нив.
Предлог тип: Х (3.35)
1301 Севилја – Елче (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)
Севилја и Елче дури сега ќе го играат својот меч од второто коло во Ла Лига, а и за двете екипи испадна дека е многу важен.
Ако победат домаќините, тогаш ќе имаат чиста ситуација и девет бода предност пред Реал Сосиедад во битката за четвртото место на табелата, последно што води во Лигата на шампионите.
Елче има второ тешко гостување во рок од четири дена. На несреќен начин минатиот викенд загубија од Реал во Мадрид со гол примен во последните моменти од мечот.
На гостите им требаат бодови за да се оддалечат од зоната за испаѓање, но како да се победи тим што никогаш не го надиграле на „Санчес Писхуан“.
Гостите веројатно ќе се бранат и ќе одат на реми, а Севилја често сезонава ги решаваше натпреварите со гол(ови) во второто полувреме, па ќе одиграме да биде нерешено по првиот дел и дека Севилја ќе ги освои бодовите.
Предлог тип: Х-1 (3.95)
1018 Нотингем форест – Норич (Чемпионшип, Англија, 20 часот)
Двојниот европски првак Нотингем форест живее денови на тешка криза и бие битка за опстанок и во второлигашкото друштво во Англија. На прв поглед засега се безбедни, но ако продолжи серијата без победа, што сега е со четири меча по ред, популарните Шумари можат да влезат во вртлогот за испаѓање.
Норич игра одлично и со најмногу победи 24 и најмалку порази, пет, во Чемпионшип се цврсто на врвот на табелата.
Канаринците го задржаа костурот на екипата по испаѓањето од Премиерлигата и се на вистински пат за експресен кам-бек.
Пуки, Буендија, Кантвел, Аронс… имаат понуди и од гигантите на европскиот фудбал, а засега сигурно го предводат Норич кон Премиерлигата.
Гостите се подобри од Нотингем форест во сите сегменти и типуваме дека ќе победат.
Предлог тип: 2 (1.96)
6007 Баерн Минхен – Лацио (Лига на шампиони, 21 часот)
По двата кикса против Арминија и Ајнтрахт, баварската фудбалска машинерија повторно гази безмилосно и во серијата од четири победи постигна 16 голови, или четири во просек.
Токму толку му дадоа на Лацио на првиот меч на „Олимпико“ во Рим и ги решија сите дилеми околу патникот во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Двете екипи играат напаѓачки фудбал, но германскиот и европски првак во моментов е недостижен за лацијалите. Успех ќе биде ако гостите избегнат нов тежок пораз, а типуваме дека повторно ќе гледаме ефикасен меч, без многу калкулации.
Предлог тип: 2+I&4+ (2.90)
6008 Челзи – Атлетико Мадрид (Лига на шампиони, 21 часот)
Чудно е, но и вистинито дека играчите на Атлетико не шутнаа ниту еднаш кон голот на Челзи на првиот меч што им донесе заслужен пораз од 0:1.
Чоло Симеоне нема да отстапи од тактиката по која е познат и може да се очекува уште едно тактичко надмудрување што во првата рунда го загуби против Томас Тухел.
Овде може да одлучи еден момент, еден гол, бидејќи влогот е голем и носи пласман во завршницата во Лигата на шампионите.
За Челзи проблем е отсуството на одличниот Мејсон Маунт и на Жоржињо, кои не можат да играат во реваншот поради жолти картони.
И Тијаго Силва и Тами Абрахам извесен период не играат поради повреди, но и без нив Челзи славеше многу значајна победа во првиот меч против Атлетико.
Очекуваме сличен меч, со малку голови, на кој решението ќе стаса во второто полувреме, или завршно од двомечот на две големи екипи.
Предлог тип: 2>1 (2.11)