Проблемите го мотивираа Динамо – Помодреа Мурињо и Тотенхем, на „Максимир“ се играат продолженија (Видео)

Мислав Оршиќ е јунакот на Динамо Загреб и со два прекрасни гола успеа да му донесе голема победа од 2:0 на својот клуб против Тотенхем, што донесе и продолженија на „Максимир“ во реванш мечот од осминафиналето во Европа Лигата.

Предводени од капитенот Аријан Адеми, популарните Модри го помодреа нервозниот Жозе Мурињо и неговите избраници и приредија подвиг, па со израмнет резултат од 2:2 влегуваат во дополнителното време од двапати по 15 минути.

Оршиќ постигна еврогол во 62. минута, а повторно беше стрелец во 83. минута со што беше анулирана предноста на Тотенхем од 2:0 од првиот меч. Ако нема голови во продолжението, ќе има пенали за да се одреди која екипа ќе се пласира во четвртфиналето.

Арсенал успеа и со пораз на свој терен од 0:1 во реваншот да го елиминира Олимпијакос, бидејќи победи на гости со 3:1. Во четвртфиналето се и Гранада, екипа која вечерва загуби со 2:1 како гостин на Молде во Будимпешта, но не ја прокоцка предноста од 2:0 од првиот меч.

И Рома ќе игра во четвртфиналето, по втората победа над Шахтар, вечерва со 2:1 и со вкупен резултат од 5:1 остана во игра за пехарот во Европа Лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести