Таунс ќе приреди реприза, Зак ќе дочека трета среќа против Денвер

8385 Вашингтон капиталс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 00 часот)

Двете екипи се во одлично расположени пред исклучително важен меѓусебен меч. Регуларниот дел од сезоната е скратен на 56 меча, а веќе почна и вториот дел, па сега секоја победа вреди многу.

Таква е серијата на Вашингтон, екипа која се комолетираше по повредите на неколку хокеари и растура со шест победи по ред, па стаса и до врвот на табелата во Источната дивизија.

Овечкин, Бекстром, О`Ши, Кузнецов се пеколни напаѓачи и во март го предводеа Вашингтон до 7 победи на 8 меча. Сепак на Капиталс ноќеска нема да им биде лесно, бидејќи гостин им е тимот што ја растури Филаделфија со 9:0 во историска ноќ за Ренџерс.

Кај гостите се врати Панарин, фантастичен меч одигра Зибанеџад со шест поени во иста четвртија против Филаделфија што е израмнување на рекордот во НХЛ лигата, а плус за Њујорк е што имаат четири победи по ред против Вашингтон.

Во дерби на две екипи со одлична атмосфера, рецептот е да се одигра на многу голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.60)

 

8001 Бостон селтикс – Сакраменто кингс (НБА, 00.30 часот)

Двете екипи паднаа во формата во последно време и имаат по три порази на последните пет меча. Бостон има екипа за високи дострели, но нешто недостасува и сезонава за да бидат шампионски калибар.

Екипа што ги има Ол-стар ѕвездите Тејтум, Браун, Вокер… мора да игра подобро и да има многу подобар биланс од 20 победи и 20 порази во досегашниот дел од сезоната.

Се чини дека центарската позиција е слабата точка на Бостон, а Доминик Тајс не е калибар за тим што се надева на шампионската круна.

Сакраменто предводен од еден од најдобрите бековски тандеми во НБА, Фокс и Хилд исто така не игра добро и е надвор од плејоф зоната со 16 победи и 24 порази.

Поради формата, но и последните меѓусебни дуели, каде немаше победа ниту на Селтикс, ниту на Кингс со поголема разлика ќе типуваме дека гостите нема да загубат со двоцифрен број на поени.

Предлог тип: 2 со хендикеп + 10.5 поени (1.63)

 

8443 Орландо меџик – Бруклин нетс (НБА, 01 часот)

Орландо е во голема криза и ја има најдолгата актуелна серија со 9 порази по ред во НБА лигата. Тоа и не е неочекувано за Меџик, екипа што има многу проблеми со повредите на дел од клучните играчи.

На паркетот се врати Фурние, но повторно нема да настапат Ајсак, Фулз, Енис, Ентони и веројатно и Картер-Вилијамс и Рос. За тим од калибарот на Орландо тоа е премногу, па се очекуваа и десетти пораз по ред.

Особено и поради фактот што на гости им доаѓа еден од фаворитите за титулата, Бруклин нетс. Мрежичките останаа без Кевин Дурант, нио и без него нанижаа шест победи по ред.

Ноќеска на ред е и седмица, а типуваме дека Харден, Ирвинг и останатите гостински кошаркари можат да го покријат хендикепот од 8.5 поени разлика.

Предлог тип: 2 со хендикеп – 8.5 поени (1.66)

 

8535 Зак Лавињ (НБА, Денвер нагетс – Чикаго булс, 02 часот)

Ударната игла на Биковите игра одлична сезона и моментно со просек од 28.4 поени е седмиот најефикасен кошаркар во НБА лигата. Долго време речиси сам го носеше товарот на плеќите, бидејќи Марканен беше долго отсутен, а Вендел Картер, кој требаше да биде третата ѕвезда во тимот игра скромна сезона.

Лавињ е еден од најскочните кошаркари во НБА лигата, брз е и одличен стрелец и ако му тргне од стартот на мечот лесно знае да оди и на височини од 40+ поени.

Против Денвер на последните два меѓусебни дуели, Зак не успеваше да ја мине границата од 25 поени, но во каква форма игра во 2021 година ќе типуваме дека ќе има трета среќа и ќе постигне над 25 поени.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

8545 Карл-Ентони Таунс (НБА, Феникс санс – Минесота, 03 часот)

Минатата ноќ Карл-Ентони Таунс до врв го наполни кошот на Феникс и со 41 поени беше најефикасен, зад Едвардс во изненадувачката победа на Минесота со 123:119.

Ведетата на Минесота имаше многу проблеми во минатиот период, му починаа неколку членови на семејството од Ковид-19, а потоа и тој самиот долго паузираше поради корона-вирусот.

Сега покажува дека е подготвен за врвни претстави во НБА лигата, како што му доликува на еден од најдобрите центри во НБА лигата. Ноќеска и буквално го излуде Ајтон, кој не можеше да ги сопре рафалите на Таунс, па ефектот му беше 41 поен, 10 скока и 8 асистенции што е учинок за респект.

За еден ден нема да се сменат работите и очекуваме нов блесок на Таунс и лесно да ја мине границата од 24.5 поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.80)

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести