31.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Празен е „Балаидос“, не може да се одбрани од кралскиот напад

1017 Норич – Блекбурн (Чемпионшип, Англија, 16 часот)

Норич игра како по ноти за пласман во Премиерлигата и ја чека десеттата победа по ред. Популарните Канаринци пејат прволигашка песна и се непоразени од петти февруари, а серијата е блескава.

Направија 10 бода предност и ако победат и денеска ќе бидат многу блиску до кам-бек во најсилното англиско првенство. Летечкиот Финец, Тему Пуки одлично диригира со составот на Норич и со 22 гола е втор стрелец во Лигата.

Ќе гледаме интересен дуел на двајца расни стрелци, а Пуки ќе се обиде да го надмудри Адам Армстронг од Блекбурн кој е трет стрелец во Чемпионшип со 19 гола.

Блекбурн е солиден тим, но во овој момент и во ваква форма речиси и да нема тим во Чемпионшип што може да ги сопре распеаните Канаринци.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

1304 Селта – Реал Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Реал Мадрид нема пораз на последните 13 дуели со Селта во Ла Лига, што е убава серија на кралскиот клуб. Денеска им треба нов триумф за да останат во трката за шпанската круна заедно со Атлетико, Барселона и Севилја.

Реал е трет фаворит, бидејќи заостанува за шест бода зад Атлетико и два зад вечниот ривал Барселона, па победата им е императив. Капитенот Рамос нема да игра, отсутни се и Азар, Карвахал, Одриозола и Маријано Дијас, но мора да се игра на победа.

Селта е во релативно комотна ситуација, во средината на табелата и не може многу ниту да напредува, ниту има сериозна закана за опстанокот.

Мотивот да се победи најтрофејниот клуб во Шпанија секогаш е голем и добро за Реал во ваква ситуација е што нема навивачи на незгодниот за гостување стадион „Балаидос“.

Селта има опасни и искусни офанзивци од калибарот на Аспас, Мина, Нолито, Мендес… и може да му даде гол(ови) на Реал, но ќе загуби.

Предлог тип: 2&ГГ (3.75)

 

1901 ЛАСК – Салцбург (Типико Бундеслига, Австрија, 17 часот)

Многу врева се крена лани, кога ЛАСК беше казнет со одземање на бодови, таман пред крајот на регуларниот дел на првенството, поради банална причина, што му овозможи на Салцбург да ги претрка и со повеќе бодови да стартува во доигрувањето.

Фудбалерите на ЛАСК не држеа дистанца на еден од тренинзите во услови на пандемија, фотографија беше објавена во австриските медиуми и стаса одлука на федерација за бодовна казна. ЛАСК со тоа беше симнат од врвот на табелата што му даде ветар в грб на фаворизираниот Салцбург потоа и да ја освои титулата.

Се создаде дополнителен ривалитет меѓу Салцбург и „новиот Салцбург“ како што во Австрија го нарекуваат проектот на ЛАСК, многу сличен на тој на Биковите.

И сега е интересна ситуацијата. На едно коло до крајот на регуларниот дел на првенството ЛАСК има 7 бода помалку од Салцбург, кој е лидер и два од Рапид.

Ако победат домаќините плејофот ќе биде многу интересен. Двете екипи се ефикасни, ќе има голема битка и како по правило во нивните дуели и најмалку три гола.

Предлог тип: 3+ (1.58)

 

1632 Феенорд – Емен (Ередивизија, Холандија, 20 часот)

Фенерџијата Емен изненадува во последно време и нема пораз на четири меча по ред што ги врати надежите за подвиг и избегнување на преселба во понизок ранг.

Во последните 8 кола влегуваат со минус 8 бода во однос на Венло, екипа која е прва над зоната за испаѓање. Сепак Феенорд е преголем залак за последнoпласираната екипа во Холандија, особено и ако се погледне традицијата.

Петнаесеткратниот холандски првак само еднаш ремизираше против Емен, на последните 7 меѓусебни дуели, се останато се победи, па и сега се големи фаворити.

Единицата е мала и може да се одигра во комбинација со 4+, бидејќи двете екипи играат ефикасни меѓусебни натпревари.

Предлог тип: 1&4+ (2.85) 

 

1306 Валјадолид – Севилја (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Валјадолид не ја победил Севилја на „Зорилја“ цели 11 години, а сега победа би им дошла како голем џокер во битката за опстанок. Но, прашање е како да се победи тим што не го надиграле на 8 меча по ред, сега и пред празни трибини и без поддршка на навивачите.

Севилја победуваше на еден од познатите бедеми во Ла Лига и кога беше многу жешко и кога Валјадолид ги имаше бучните симпатизери зад себе.

Гостите мораат да победат за да ги задржат шансите за подвиг и за титула, а ова може да биде клучен меч за Валјадолид во битката за опстанок.

Последните пет меѓусебни дуели беа скромни според ефикасноста, сите од 0-2 гола, а типуваме дека и денеска границата на голови ќе биде тука некаде, со предност за Севилја, поради поквалитетниот состав.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.57)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести