Паника во Филаделфија, гостин им е тимот што ги понижи со 9:0 пред една недела

8181 Џими Батлер (НБА, Мајами хит – Портланд трејлблејзерс, 00.30 часот)

Подобри игри од првата ведета во тимот му требаат на Мајми хит, за да се прекине серијата од 4 порази и да се направи посериозен исчекор кон плејоф позициите.

Мајами беше финалист во ланското издание на НБА, но сезонава игра скромно и има биланс од 22-22, па настапот во доигрувањето за титулата не е сигурно.

Батлер, кој е вонсериски играч треба да ги покаже лидерските капацитетит што несомнено ги има, во услови кога не игра Горан Драгиќ. Ќе има повеќе простор за игра, за повеќе шутеви, а му одговара брзиот стил на игра на Портланд.

Батлер сезонава дава по  21.3 поени на меч, а очекуваме ноќеска да биде барем за неколку поени над својот просек.

Предлог тип: > 23.5 поени (2.00)

 

8464 Њујорк никс – Вашингтон визардс (НБА, 00.30 часот)

Њујорк двапати сезонава го декласира Вашингтон со двоцифрена разлика и повторно е фаворит за да поведе со 3:0 во меѓусебната серија сезонава во Источната конференција во НБА лигата.

Никс конечно се сериозни кандидати за настап во плејфот, играат многу солидно, откако неколку години постојано беа во некаква транзиција и трансформација на тимот.

Сега имаат квалитетни млади играчи, а ги предводат Рендл и Берет, кои играат одлична кошарка. Вашингтон игра скромно, ако се знае дека има две големи НБА ѕвезди, Расел Вестбрук и Бредли Бил.

Предлог тип: 1 (1.74)

 

8466 Сакраменто кингс – Голден стејт вориорс (НБА, 03.00 часот)

Без Стефон Кари, Голден стејт не е истиот тим и има два порази и една победа на десеттата позиција во Западната конференција, последна што води во плејофот.

Во ваква ситуација Ендрју Вигинс треба да биде лидер на младиот тим на Воините, но за него има многу критики од НБА експертите, кои очекуваат подобри игри од кошаркар што има моќен одраз и високи атлетски капацитети.

Сакраменто игра одлично во последно време. Имаат 4 победи на последните пет меча, што им дава надеж дека ќе можат да ја стопат разликата од три победи предност што ја има токму Голден стејт во битката за настап во доигрувањето.

Кингс сакаат и реванш за дебаклот од 137:106 што им се случи на петти јануари во единствениот меѓусебен меч со Воините сезонава.

Тогаш беа гости и играше Кари, кој даде 30 поени, но сега ситуацијата е многу поинаква и типуваме дека ќе има реванш и победа на Сакраменто.

Предлог тип: 1 (1.74)

 

8327 Филаделфија флаерс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 00.00 часот)

Големото дерби во Источната дивизија ќе има нов интензитет по историската ноќ на 18.март, кога Њујорк ја декласира Фоладелфија со 9:0. Мика Зибанеџад стана само вториот хокеар на сите времиња со шест поени во иста третина, а постигна три гола и имаше три асистенции во вториот период.

Голем поттик за Ренџерс е и кам-бекот на Панарин, кој е лидер на тимот, па Филаделфија ќе има сложена задача да се обиде да се реваншира за срамниот пораз од 9:0.

Двете екипи го бркаат четвртото место на Бостон бруинс, за да можат да играат во плејофот, а Филаделфија има два бода повеќе од Њујорк и два помалку од Бостон.

Гостите се во подобра форма, одиграа брилијантно против Флаерс на претходниот меч, а раните од тој пораз со 9:0 тешко се лечат, па типуваме на нов триумф на тимот од Њујорк.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

8340 Далас старс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01.30 часот)

Дуелот на два финалисти во НХЛ серија за пехарот секогаш е интересен, иако Тампа беј го гази Далас. Грмотевиците ја освоија титулата лани со триумф од 4:2 во финалната серија против Старс, а сезонава го продолжија победничкиот поход во меѓусебните дуели и водат со 4:0.

Далас во тој серијал само еднаш успеа да избегне пораз во регуларен дел, на 17.март, но и тогаш шампионите славеа со 4:3 на пенали. Тампа беј постигна 13 гола на тие четири дуели, а прими само 4, па јасно е кој е фаворит.

Старс се претпоследни во Централната дивизија во НХЛ лигата, иако се уште имаат шанси за плејоф, но сега повторно ќе загубат од лидерот и актуелен шампион.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести