Вардар му покажа на Еурофарм Пелистер кој е шампион

Актуелниот ракометен првак Вардар го доби дербито од третото коло во Супер лига против Еурофарм Пелистер и останува единствена непоразена екипа во овој сегмент од шампионатот. Во текот на целот меч, вардарци имаа контрола на играта и доминација на теренот, па на крајот заслужено славеа со 35:27.

По само 10-тина минути игра беше 6:3 за Црвено-црните, а веќе во 22 минута домаќините имаа предност од 13:7. На полувремето се замина со предност на шампионот од 17:12. И во вториот дел, Вардар играше многу подобро, па во средината на вториот дел стигна и до двоцифрена предност 30:20.

До крајот на мечот, гостите од Битола успеаа за два гола да ја намалат негативата и од „Јане Сандански“ си заминаа со пораз од осум гола.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар

- Оглас -

Најнови вести