Портланд знае како да ги сопре клиповите на Детроит

8545 Детроит пистонс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 01 часот)

Детроит го изненади Торонто и по четири порази по ред успеа да ја прекине негативната серија. Сепак тоа е само кус блесок на тимот што е последен во Источната конференција со биланс 13-33. Ако не се слули чудо во вториот дел од сезоната Пистонс пак ќе останат без плејоф.

Портланд е сосема поинаква приказна и со два одлични потези направи тим што може да биде многу незгоден во плејофот. Во ноември го донесоа Роберт Ковингтон, кој е одличен дефанзивец, а неодамна пристигна и Ник Пауел, како уште едно многу солидно засилување.

Важно за Блејзерс е што конелно во погон се и Нуркиќ и Мекалум, кои беа повредени, па сега тимот изгледа одлилно. Имаат три победи по ред, силна бековска линија, една од најдобрите во НБА, со Лилард и Меколум, одлични крила и Нуркиќ како центар. Тим што е подобар по квалитет од Детроит и е фаворит за нова победа.

Предлог тип: 2 со хендикеп 3.5 поени (1.60)

 

8547 Бостон селтикс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)

Ова е интересен дуел на две екиупи што се на иста позиција моментно на седмото место во различни конференции. Првите шест ќе играат во 1/16-финалето во плејофот, а Бостон и Далас мораат да се поместат за една позиција погоре за да го избегнат баражот.

Проблем за Селтикс е што се повреди Џејлен Браун, па неизвесно е дали ќе игра ноќеска. Тој е еден од главните адути на тимот особено во нападот.

Далас постојано се мачи со повреди што се одрази на резултатите, но сега се комплетни со двете големи ѕвезди Дончиќ и Порѕингис во составот.

Ова е значаен меч за двете екипи и иако имаат големи НБА ѕвезди кои знаат да одиграат ефикасно, очекуваме тврд меч со помалку од 228 поени.

Предлог тип: >227.5 поени (1.57)

 

8550 Минесота тимбервулфс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)

Минесота го плати данокот со долгото неиграње на ѕвездата Карл Ентони Таунс и е на последното место во Западната дивизија со минимални шанси за настап во плејофот.

Таунс преживуваше тешки моменти, му почина мајката и неколку членови во семејството од Ковид-19, а и тој самиот долго беше во карантин, по позитивниот тест на корона-вирус. Сега игра и Минесота има нешто подобри резултати, но тоа нема да биде доволно за настап во доигрувањето.

За разлика од нив Никс по долг период се конкурентни и моментно се на позиција што води во плејофот. Џулиус Рендл и Ер-Џеј Берет го предводат гигантот на патот кон доигрувањето и одлично се босат со притисокот.

Никс имаат проблем со повредата на Робинсон, кој е стартен центар, што е шанса за Таунс, но гостите сепак се поквалитетни и се во подбра форма.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

8201 Бафало сејбрс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 01.30 часот)

Бафало има уште една разочарувачка сезона и се убедливо последни на табелата во источната дивизија. Многу рано исчезнаа сите надежи на тимот дека ќе може да конкурира за место во плејофот, па сега играат релаксирано, иако и тоа не им помага. Имаат неверојатна серија од 18 порази по ред, што е една од најдолгите во историјата на НХЛ лигата.

Интересно е што против Филаделфија на двата последни меѓусебни дуели месецов двапати одиграа нерешено во регуларниот дел, но потоа ги загубија натпреварите, еднаш на пенали и еднаш во продолженија.

Филаделфија бие битка за плејофот и засега се петти во Источната дивизија, едно место под плејоф зоната. На вакви натпревари Флаерс мора да победуваат за да се надеваат на настап во доигрувањето за титулата.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

1615 Колорадо авеланш – Аризона којотс (НХЛ, 03.30 часот)

Двете екипи се изнаиграа меѓусебе сезонава и ова ќе им биде седми меч, а Колорадо води со 4:2. Авеланш пак се фаворити за победа, бидејќи имаат поквалитетен тим и се подобриопласирани, но мора да внимаваат.

Аризона е во серија од три победи и стаса на само една позиција под местата што водат во плејофот. Проблем за Којотите е нападот и тие се втората најнеефикасна екипа во Западната дивизија со 92 постигнати гола.

Гостите имаат само еден хокеар во Топ-50 според бројот на поени, за разлика од Колорадо, кој има тројца, двајца од нив, Рантанен и Мекинон во топ-15.

Колорадо е поквалитетен тим и ќе типуваме дека по петтипат сезонава ќе ја победи Аризона.

Предлог тип: 1 (1.67) Супер тип на Sport Life

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести