Еспањол и Сарагоса ќе слават на свој терен

1318 Еспањол – Фуенлабрада (17 ч.)

Еспањол е на одличен пат да се врати во Примера дивисион,откако по 31 коло во Сегунда дивисион е на лидерската позиција. Тимот од Барселона е посебно силен на свој терен, каде што во 15 меча има дури 11 победи. Во есенскиот дел од првенството овие две екипи одиграа 1:1, а интересно е што претходно немаат играно меѓу себе.

И гостите се во добра форма и имаат само еден пораз во последните 10 меча, па може да биде интересен дуел, но сепак, фаворитската улога останува на страната на домаќинот.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.81)

 

1319 Мајорка – Леганес (19 ч.)

Ова е дербито на денот во Шпанија. Двете екипи се во зоната за влез во елитното натпреварување и секој бод им е значаен. Мајорка е најдобра кога игра на гости, а Леганес е со најмногу бодови на домашен терен, но сега ситуацијата е обратна.

Традицијата вели дека играат мечеви без многу голови, па на пет од последните шест средби на овие екипи немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 (1.41)

 

1320 Лас Палмас – Луго (21 ч.)

Сега се на средина од табелата, но сè уште не се сигурни од испаѓање, па секој бод ќе им биде добредојден. А кога ќе се види табелата, ова се двете екипи кои се мајстори за нерешено. Луго има 12 реми средби, а Лас Палмас 10 пати ремизирал, па логично е и нивниот дуел во есенскиот дел од првенството да заврши 1:1.

Предлог тип: Х (3.05)

 

1322 Сарагоса – Картагена (21 ч.)

Ако Сарагоса не победи, некогашниот елитен клуб лесно може да се најде и во зоната за испаѓање. Во 15 меча на свој терен, Сарагоса има 7 победи, и тоа треба да е адут да се слави во дуел со екипа која моментно е на претпоследното место на табелата.

Картагена има девет порази во 15 гостувања сезонава, а есеноска дуелот на овие два тима заврши 1:1.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

1256 Думбартон – Аирдриеонијас (20:45 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во Лига 1 во Шкотска. Думбартон е најнеефикасната екипа, а гостите се познати по својата офанзивна игра и во просек паѓаат по три погодоци на меч.

Думбартон славеше на првиот меч сезонава со 2:0 на гости и сега ќе брка нов триумф за да избега од зоната за испаѓање.

Предлог тип: 1Х (1.56)

 

- Оглас -

Најнови вести