Епски битки бијат Ураганите и Пантерите, пак може да биде нерешено

8484 Индијана пејсерс – Чикаго булс (НБА, 01 часот)

Раководството на Чикаго направи одлична работа со ангажманот на Никола Вучевиќ и Булс сега имаат екипа за респект со уште една голема ѕвезда во тимот, покрај Зак Лавињ.

Булс бијат битка за настап во пејофот и се на десеттото место, последно што води во разигрувањето за титулата, а пред нив е токму Индијана.

Домаќините ноќеска ќе имаат големи кадровски проблеми бидејќи е најавено дека нема да играат Сабонис, Брогдон и Ламб, што со долгото отсуство на Ти-Џеј Ворен ќе биде голем хендикеп.

По 10 победи по ред на Пејсерс, Чикаго успеа да ја сопре црната серија во меѓусебните дуели со победа пред неполн месец со 120:112 по продолженија.

И ноќеска се очекува неизвесен меч, но предност ќе им дадеме на гостите, кои во моментов имаат поголем избор на квалитетни играчи.

Предлог тип: 2 (1.99)

 

8485 Атланта хоукс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 01.30 часот)

Јастребите го растурија Њу Орлеанс со убедливи 126:103 во единствениот меѓусебен дуел сезонава во НБА, а се играше само пред четири дена.

Тоа беше втората победа во мини-серијалот од три успеси по ред на Атланта, екипа која најавува дека има потенцијал да биде пријатно изненадување сезонава во најсилната кошаркарска лига на светот.

Предводени од Тре Јанг, Јастребите имаат млада екипа што е кадарна да се избори за настап во плејофот. Имаат проблем со повредите и отсуството, пред сè на Колинс, но засега добро се справуваат со ситуацијата.

Уште поголеми проблеми имаат гостите, а на листата повредени се двете ѕвезди на тимот, Зајон Вилијамсон и Брендон Инграм, а веројатно нема да игра и центарот Стивен Адамс, што е преголем хендикеп за да се победи одличната екипа на Аталанта.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

8383 Мајами хит – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)

Ланскиот финалист Мајами хит конечно игра како што се очекуваше и со четири победи по ред се проби на петтата позиција во Источната конференција со ист биланс, 26-24, како и четвртопласираната Аталанта.

Хит успеаја да се комплетираат, па тимот што играше серија за титулата во ланското издание на НБА-лигата е фаворит против Мемфис, иако има незгодна серија од три порази по ред од овој ривал.

И Мемфис влезе во ритам со три победи на последните четири натпревари, ќе се обиде да слави и четврти пат по ред против Мајами, но Хит се во топ-форма и ќе типуваме дека ќе ја прекинат лошата серија во меѓусебните дуели против Морант, Валанчиунас и друштвото од Мемфис.

Предлог тип: 1 (1.54)

 

8355 Колумбус блу џекетс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи се во мини-криза во незгоден момент од сезоната во НХЛ, што полека влегува во финишот од регуларниот дел.

Шампионот Тампа беј доживеа тежок пораз од Детроит, екипа што е последна во Централната дивизија.

Колумбус е во серија од три порази, што ги оддалечи од позициите што водат во плејофот, па и ним и на гостите им требаат бодовите од петтиот меѓусебен дуел сезонава.

Тампа веќе не е на првото место, го претрка локалниот ривал Флорида и ноќеска нема избор освен победа против Блу Џекетс.

Во меѓусебната серија сезонава резултатoт е израмнет, 2:2 во победи, а на три од четири натпревари имаше помалку од шест гола.

Ќе типуваме дека и ноќеска нема да има многу голови во мнногу значаен меч на двете екипи од Централната дивизија.

Предлог тип: <5.5 гола (1.80)

 

8201 Каролина хурикејнс – Флорида пантерс (НХЛ, 01 часот)

Дербито на колото во Централната дивизија ќе се игра во „ПНЦ арената“, а се бие битка за врвот на табелата. Флорида со одлична серија од шест победи дојде до првото место и ако победи, ќе остане лидер.

Каролина исто така е во додбра форма со пет победи на последните 7 меча и има само три бода помалку од ривалот и може да конкурира за титулата во оваа дивизија.

Ураганите имаат три победи по ред против Флорида сезонава, а интересно е што три од четирите натпревари завршија нерешено во регуларниот дел.

Можно е да има уште еден „икс“ во меч што е многу значаен за двете екипи.

Предлог тип: Х (4.35)

 

- Оглас -

Најнови вести