Динамо игра историски меч, и ремито не е лошо

2851 Јени Малатијаспор – Фенербахче (Суперлига, Турција, 18 часот)

Катастрофална е серијата на Јени Малатијаспор со 11 меча без победа, што ги доведе од безбедна ситуација во зоната за испаѓање.

Тешко е да се очекува пресврт и победа по толку долг период во меч против еден од трите гиганти на турскиот фудбал, особено кога Фенербахче не смее да загуби ако сака да остане во трката за титулата.

И Фенер не игра добро, има само две победи на последните пет меча, но денеска ќе има и посебен мотив. Во првиот дел од сезоната на сензационален начин загубија од Јени со 0:3 на свој терен и тој пораз може да ги чини и титула.

Емре Белозоглу нема избор освен да нареди офанзива на гостите, кои се поквалитетен тим и ќе победат и ќе се реваншираат за шокантниот пораз во првиот дел од сезоната.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

6023 Ајакс – Рома (Лига на Европа, 21 часот)

Ајакс заборави кога последен пат претрпе пораз, а серијата од 24 меча без неуспех е импресивна за еден од гигантите на европскиот фудбал.

Интересно е што последниот пораз на Копјаниците од Амстердам им е од италијанска екипа, а ги надигра и ги победи Аталанта во декември со 1:0, и тоа на „Јохан Кројф арената“.

Оттогаш наредија брилијантна низа, а сега пак ќе играат со тим од Италија. И Рома, како и Ајакс, сака да игра офанзивно, а и Волчицата дава и прима доста голови.

Проблем за Ајакс е што двајцата најдобри голмани, Онана и Стекеленбург, се надвор од редовите, па им брани младинскиот репрезентативец Шерпен, кој има 21 година и е голем талент, но без многу искуство за вакви натпревари.

Кај Рома листата на повредени играчи веќе одреден период е долга, а недостасуваат Мхитарјан, Заниоло, Смолинг, Ел Шарави, Кумбула, Ибанез, а против Ајакс нема да игра и Карсдорп поради жолти картони.

Ајакс и Рома ги краси ист стил на игра, напаѓачки, па и покрај сите проблеми што ги имаат, ќе типуваме дека ќе има барем по еден гол во мрежата на Шерпен и на Лопес.

Предлог тип: ГГ (1.59)

 

6022 Арсенал – Славија Прага (Лига на Европа, 21 часот)

Арсенал може да ја спаси сезоната ако го освои пехарот во Лигата на Европа, што значи и автоматски настап идната сезона во Лигата на шампионите, а следен ривал на патот до треофејот е опасната Славија.

Тимот до Прага веќе гостуваше на Островот и успеа да ги елиминира и Лестер и Глазгов ренџерс во претходните две нокаут-рунди во Лигата на Европа.

И на двата двомечи приреди подвиг со победи во Лестер и во Глазгов со по 2:0 откако пристигна на реваншите без предност, односно со нерешени резулти во Прага.

Арсенал сепак е поквалитетен тим од Славија и може да ги искористи проблемите на гостите, кои останаа без 10-мина играчи за гостувањето во Лондон. Иако поголемиот дел од нив, освен Ван Бурен, се резерви, сепак, ќе го намалат изборот на тренерот Трпишовски.

Славија има одлични напаѓачи и ќе типуваме дека ќе даде барем еден гол, но нема да победи во Лондон.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.24)

 

6021 Динамо Загреб – Вилјареал (Лига на Европа, 21 часот)

Динамо приреди вистински подвиг со елиминацијата на Тотенхем и тоа ќе биде голем мотив за играчите да веруваат во своите квалитети и во уште едно изненадување, овојпат против силна шпанска екипа.

Проблем за популарните Модри е најавата дека нема да играат напаѓачите Петковиќ и Гаврановиќ, што е хендикеп и тренерот Крзнар ќе мора да бара чаре за офанзивниот дел.

Аријан Адеми како капитен ќе го предводи Динамо кон нов подвиг, а во стартниот состав на домаќините би требало да биде и Стефан Ристовски.

Вилјареал е дел од елитната Ла Лига и според квалитетот, е во предност. Жолтата подморница игра во одлична форма и нема пораз на пет меча по ред. Силен адут на гостите ќе им биде извонредниот напаѓач Џерард Морено, кој е во топ-форма и е втор стрелец во Ла Лига со 19 гола, зад Лионел Меси.

Пред 11 години, двете екипи беа во иста група во Лигата на Европа и си победија на домашен терен, Динамо со 2:0, а Вилјареал со 3:0. Иако гостите се фаворити, Динамо се покажа како тврд орев и ќе типуваме дека првиот меч на „Максимир“ ќе заврши без победник.

Предлог тип: Х (3.35)

 

6024 Гранада – Манчестер јунајтед (Лига на Европа, 21 часот)

Гранада влета во контраритам пред големиот двомеч со Манчестер јунајтед и има три порази по ред. Сепак, шпанските екипи се тактички одлично потковани и Црвените ѓаволи ќе имаат ѓаволски тешка задача да се пласираат во полуфиналето.

Најавено е дека Маркус Рашфорд нема да игра на првиот меч денеска, што е хендикеп за гостите, заедно со отсуството на повредениот Антони Марсијал.

Нападот на Манчестер јунајтед би требало да го предводи Кавани, а замена за Рашфорд би бил Даниел Џејмс. И Гранада има проблеми, ќе недостасуваат неколку играчи, што би значело дека двете екипи ќе мора повеќе да внимаваат на дефанзивата.

Ова е прв меѓусебен меч меѓу Гранада и Манчестер јунајтед, а гостите имаат поголем рејтинг, поквалитетна и поскапа екипа и ќе типуваме дека нема да загубат на „Лос Карменес“.

Предлог тип: Х2&2>1 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести