Стојков бара изненадување во Удине и многу голови во Специја и Фиренца

3003 Специја – Кротоне (Сабота, 15 часот)

Специја може со победа да си го обезбеди опстанокот, особено поради тешките мечеви што ги имаат ривалите Парма и Калјари против Милан и Интер.

Ова е шанса што мојот поренешен клуб не смее да ја пропушти за да направи залиха од 10 бода, што е можно и реално сценарио по завршувањето на 30. коло во Серија А.

Кротоне можеби ја има и последната шанса за чудо и нема што да калкулира. Ја победија Специја во првиот дел од сезоната со 4:1 што ќе им даде потстрек да тргнат во нова офанзива.

И двете екипи немаат што да бранат, им требаат бодови за опстанок и очекувам повторно да одиграат ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ3+ (2.03)

 

3005 Удинезе – Торино (Сабота, 20.45 часот)

Во минатото Торино честопати го победуваше Удинезе на гостински терен и тука ќе барам изненадување и ќе типувам двојка.

Очекувам Торино, кој е клуб со огромна традиција и 7 титули во Италија да се спаси од испаѓање, а сега е и вистински момент за добри резултати и за победа во Удине.

Биковите немаат лош тим, тука се Белоти, Верди, Заза, Санабрија…, кои се или биле репрезентативци и можат да изненадат против Удинезе.

Предност на домаќините е што можат да играат без притисок, но мотивите се на страна на гостите и очекувам да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2 (3.20)

 

3006 Интер – Калјари (Недела, 12.30 часот)

Интер е на прагот на Скудетото и не верувам дека може да прокоцка двоцифрена предност пред ривалите на девет кола до крајот на Серија А.

Играат стандардно, немаат пораз од февруари, кога загубија од Јувентус во мечот од купот, а константа им се победите.

Можно е да имаат мака со Калјари, но само во првото полувреме и така и ќе типувам, дека ќе победат со голови во вториот дел.

Калјари бие голема битка за опстанок, за нив и еден бод на „Џузепе Меаца“ би значел многу. Очекувам да се бранат, но можат да издржат евентуално само едно полувреме.

Предлог тип: Х-1 (3.80)

 

3010 Рома – Болоња (Недела, 18 часот)

Рома има одличен резултат за реваншот со Ајакс и е на прагот на полуфинале во Европа Лигата, но мора да мисли и на натпреварите во Серија А.

Со три меча без победа го загубија чекорот во битката за место меѓу екипите што ќе играат во ЛШ идната сезона, но шансите не се загубени.

Сега мора да ја победат Болоња, екипа што нема посебни амбиции, бидејќи е далеку од опасната, но и од европската зона.

Двете екипи во последно време играат исклучително ефикасни мечеви. Можно е повторно да има многу голови, но сепак верувам во сигурна победа на домаќинот, кој има поквалитетна екипа, иако има доста проблеми со повреди на играчите.

Предлог тип: 1&T1 (1.95)

 

3657 Фиорентина – Аталанта (Недела, 20.45 часот)

Фиорентина е во серија од пет меча на кои постигнува, но и прима барем по еден гол, а очекувам да играат офанзивно и против Аталанта.

За гостите веќе се се знае, тоа е една од најатрактивните екипи во Италија, па и во Европа. Мечот е многу позначаен за Аталанта, бидејќи само со победи може да се одбрани четвртото место, па и да се напредува на табелата, со цел да се обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Фиорентина се уште го нема обезбедено опстанокот, иако е многу блиску, во сезона во која Виолетовите очекуваа многу повеќе, па дури и пласман меѓу најдбрите шест екипи што ќе играат во Европа.

И двете екипи имаат одлични играчи и очекувам меч со многу голови на „Артемио Франки“ во Фиренца.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести