Џејсон Тејтум блескаше во драматичната победа на Бостон селтикс против Минесота со 145:136 по продолженија, постигна фантастични 53 поени и стана најмладиот кошаркар во богатата историја на клубот што ја минал границата од 50+.
Џејсон има само 23 години и е првиот играч на 17-кратниот НБА шампион по Лери Бирд што уфрлил 53 поени на ист меч.
50 FOR JAYSON TATUM. pic.twitter.com/G3aSBgrkQn
— SportsCenter (@SportsCenter) April 10, 2021
Помагаа и соиграчите, во една ситуација многу несебично и Џејлен Браун, а до подвигот Тејтум стаса со шут од поле 16-25, од кои шест тројки од 10 обиди,а имаше и 10 скока и 4 асистенции.
Jaylen Brown giving Jayson Tatum the points here is my favorite moment of the night. pic.twitter.com/Q6TlWD4ESi
— Marc D'Amico (@Marc_DAmico) April 10, 2021
Ноќта со 50-ки ја дополни и Зак Лавињ од Чикаго булс во поразот на неговиот тим од Атланта хоукс со 120:108. Бекот на Биковите постигна точно 50 поени, 39 од нив во првото полувреме.
На истиот меч разигран беше и Тре Јанг, бекот на домаќините со 42 поени, а имаше придонес во победата на Атланта и со 8 скока и 9 асистенции.
Резултати: Бостон – Минесота 145:136 по едно продолжение, Њујорк – Мемфис 133:129 по едно продолжение, Орландо – Индијана 106:111, Атланта – Чикаго 120:108, Њу Орлеанс – Филаделфија 101:94, Денвер – Сан Антонио 121:119, Милвоки – Шарлот 119:127, Голден стејт – Вашингтон 107:110, Л.А. Клиперс – Хјустон 126:109.