Со 20 денари, прогнозерите нудат можна добивка од 7.103 денари

Повеќе од 50 играчи на Спортска прогноза имаат максимален ефект од четири погодоци по одиграните саботни мечеви во 31. коло и остануваат во трка за главната премија, мобилен телефон Ајфон 11. За денеска се закажани осум меча, на кои речиси 2.000 прогнозери ги дадоа своите типови, а според процентот на дадените обложувања, ќе се обидеме да направиме добите тикет, по волја на играчите на Спортска прогноза.

Во 15 часот ќе започнат возбудувањата со дуелите Верона – Лацио и Сент Етјен – Бордо. Лацио е огромен фаворит и речиси 80 отсто од прогнозерите веруваат во двојка, додека за триумф на Сент Ерјен се безмалку 60 отсто. Дуелот меѓу Вест хем и Лестер најмногу го типуваа нерешено. За „икс“ се 44 отсто, а останатите проценти речиси рамномерно се распоредени на двата тима. Со 44 отсто е и иксот на Валенсија – Реал Сосиедад.

Најнеизвесен дуел е дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед. За победа на домаќините се 33 отсто, во нерешено веруваат 35, а за триумф на Манчестер јунајтед се 32 отсто.

Сигурици треба да бидат победите на Келн против Мајнц дома (71 отсто), како и на Валјадолид против Гранада (62 отсто). Со радост на гостите ќе биде дуелот Бетис – Атлетико Мадрид, барем ако се слушаат 78 отсто од прогнозерите.

Вкупниот коефициент на овие осум меча изнесува 355.15 што значи дека за само 20 денари, ќе бидете во игра за добивање 7.103 денари, ако ги следиме процентите на најтипувани фиксови во изборот на прогнозерите за ова коло.

 

3008 Верона – Лацио                                             2     2.17

1708 Сент Етјен – Бордо                                       1      2.45

1006 Вест хем – Лестер                                         1Х   1.56

1308 Валенсија – Сосиедад                                  1Х    1.65

1007 Тотенхем – Манчестер јунајтед                  1Х    1.53

1808 Келн – Мајнц                                                  1      2.95

1310 Валјадолид – Гранада                                  1      2.30

1350 Бетис – Атлетико Мадрид                            2     2.50

———————————————————————————————–

Вкупен коефициент:                                         355.15

 

- Оглас -

Најнови вести