3002 Сампдорија – Верона (Сабота, 15 часот)
И двете екипи немаат посебни амбиции и притисок, бидејќи се во горната половина на табелата, но и без шанси за позициите што водат во европските купови.
Верона има само две победи на последните 8 натпревари што го оддалечи тимот од битката за првите шест позиции. Сампдорија е во уште полош тренд со само еден триумф во последните два месеци. Тоа би можело да биде мотив за двете екипи, да играат поофанзивно и на победа, за да се поправи впечатокот.
Ќе се игра порелаксирано, според квалитетот Сампдорија и Верона се израмнети и очекувам мечот да заврши без победник.
Предлог тип: Х (3.25)
3003 Сасуоло – Фиорентина (Сабота, 18 часот)
Штета за Сасуоло што сезонава остана без можност да се бори за настап во Европа, на што најмногу кумуваа големите проблеми со повредите. Симпатична екипа што игра одличен фудбал, но постојано беа на маки и со доста отсустни играчи.
И сега ќе играат беа најопасното трио напаѓачи, Капуто, Берарди и Дефрел што е голем хендикеп. Сепак некако ги собраа симпатиите кај неутралните симпатизери на италијанскито фудбал со модерниот и офанзивен стил на фудбал, па очекувам со таков пристап да одиграат и против Фиорентина.
Гостите се меѓу најголемите разочараувања, бидејќи резултатите им се прескромни во однос на квалитетот што го поседуваат. Фиорентина се уште го нема обезбедено опстанокот, иако се блиску, па нема избор, освен да оди на победа.
Меѓусебните дуели на овие две екипи често се ефикасни, па мојот избор е дека ќе се тресат двете мрежи на меч со најмалку три гола.
Предлог тип: ГГ3+ (2.06)
3006 Аталанта – Јувентус (Недела, 15 часот)
Да се направи серија од 32 натпревари без пораз со ист ривал е подвиг за респект, но сега очекувам дека феноменалната низа на Јувентус против Аталанта ќе заврши викендов во Бергамо.
Аталанта нема победа против Старата дама на првенствен меч од 2001 година или цели две децении, што делува фрапантно.
Сепак во последно време одиграа неколку натпревари против Јуве на кои беа рамноправни, па дури и подобри и време е да ја сопрат серијата од 32 меча без победа во Серија А против Јувентус.
Шампионот не е во истата форма од претходните години кога апсолутно доминираше со 9 Скудета по ред и очекувам Аталанта да го искористи моментно и да победи.
Предлог тип: 1 (2.55)
3007 Болоња – Специја (Недела, 15 часот)
Специја игра солидна сезона за дебитант во Серија А и е на прагот да си обезбеди нов настап со италијанската фудбалска елита. Според квалитетот и борбеноста што ја прикажаа според мене заслужуваат да играат во најквалитетниот ранг во Италија и идната сезона.
Играат фајтерски фудбал, примаа, но и даваа многу голови и се пријатно освежување за Серија А. Болоња е нешто подобропласирана и ја оствари целта да го осигура опстанокот, па може да игра без посебен императив.
Во таква ситуација е и Специја што најавува реприза на мечот од првиот дел на сезоната што заврши 2:2.
Предлог тип: ГГ3+ (2.03)
3010 Наполи – Интер (Недела, 20.45 часот)
Интер ќе ја освои титулата и ја заслужи со одличните настапи сезонава. Имаат серија од 9 победи што е надолга актуелна во Серија А, но и да ја прекинат, а според мене Наполи може најмногу до реми, тоа нема да биде погубно за гостите во трката за титулата.
На 8 кола до крајот 11 бода предност во првенство какво што е италијанското е недостижна предност. Очекувам Интер да игра нешто попретпазливо, Конте е добар тактичар и знае дека и бод на тешко гостување какво што е тоа во Неапол е исход што води кон Скудетото.
На Наполи му треба победа за да се вмеша во борбата за првите четири позиции што водат во Лигата на шампионите, но ниту реми и еден бод против лидерот нема да биде лош исход за нив.
Предлог тип: Х (3.35)