Внимавајте на Челзи, нема мотиви да атакува на Лигата на шампионите

1801 Келн – Лајпциг (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Лајпциг ја има најдобрата одбрана во Бундеслигата со само 23 примени голови, а противникот е со втората најслаба дефанзива.

Келн прими дури 53 погодоци на 29 меча и тоа е главната причина зошто е на претпоследното место во битката за опстанок во Бундеслигата.

Лајпциг сè уште има теоретски шанси за титулата, но реално 7 бода негатива во однос на екипа каква што е Баерн на пет кола до крајот е тешко достижна разлика.

Биковите не можат да го загубат местото во Лигата на шампионите, па можат да играат порелаксирано во однос на Келн.

Домаќините не смеат да загубат ако сакаат да ги задржат шансите за опстанок, но како да се игра против ривал што никогаш не го победиле на меч во Бундеслигата.

Келн има пет порази и две ремија во меѓусебните дуели со Лајпциг во најсилната германска лига, но на сите, освен на последниот што заврши 0:0, му давале барем еден гол на денешниот ривал.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.11)

 

1802 Арминија Билефелд – Шалке 04 (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

До дуелот во декември лани, Шалке 04 имаше фантастична серија од 11 меча без пораз против Арминија Билефелед и во таа низа забележа девет победи и две ремија.

Но, тоа беа убавите времиња за тимот од Гелзенкирхен, кој се сели во Втората лига во сезона за заборав. Арминија во финишот на 2020 година со победа од 2:0 на „Велтинс арената“ ја прекина црната серија против Шалке, а и денеска е фаворит за победа.

На тимот од Билефелд му се непоходни бодовите за спас и бегство од опасната зона и типуваме дека ќе успее да го совлада лошиот тим на Шалке 04.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

1803 Баерн Минхен – Баер Леверкузен (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Дуелите на Баерн и Баер во последно време се исклучително ефикасни и во серија, и без исклучок, од 2017 година на сите имаше најмалку по три гола и на сите се тресеа двете мрежи.

Тоа е интересна низа од девет натпревари со ГГ&3+, а според формата и квалитетот на двете екипи, може да се очекува и десетти меч по ред со многу голови.

Баерн и без Левандовски против Волфсбург со победа од 3:2 покажа дека може да биде ефикасен тим, но и на изненадување и клуб со неочекувани проблеми.

Ханси Флик по триумфот најави дека ќе си замине, што не е добро за атмосферата во Баерн, кој е на прагот на рекордната 31-ва титула во Бундеслигата.

Баер ја има последната шанса да фати приклучок за четвртата позиција што води во Лигата на шампионите, што ветува нов меч на два големи ривали со многу голови.

Предлог тип: 1+I&2+II (1.96)

 

1804 Ајнтрахт – Аугсбург (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Ајнтрахт пропушти меч-топка во Менхенгладбах за да се приближи до пласман во Лигата на шампионите, а поразот од 4:0 може да се заборави само со победа против Аугсбург.

Популарните Орли сè уште имаат добра предност од четири бода пред Борусија Дортмунд во битката за четвртото место, но не смеат веќе да си дозволат луксуз да губат бодови.

Аугсбург има речиси сигурен опстанок, ќе игра релаксирано и може да биде опасен ривал за Ајнтрахт, но домаќините се поквалитетни. Ајнтрахт не прими гол од Аугсбург на последните два меча во Бундеслигата, победи со 5:0 и 2:0, и ќе типуваме дека ќе остварат и хет-трик.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

1001 Челзи – Брајтон (Премие лига, Англија, 21 часот)

Челзи е член на Суперлигата на Европа и сега ако опстои проектот што треба да почне веќе од идната сезона, излишно е да се говори за некаква трка по бодови во Премиер лигата за пласман на првите четири позиции што водат во Лигата на шампионите.

Челзи, како што стојат работите, нема да учествува во ЛШ под капата на УЕФА, па треба да се внимава и со обложувањето на мечевите каде што играат Суперлигашите.

Брајтон е во добра позиција да избори опстанок во Премиер лигата. Популарните Галеби имаат шест бода повеќе од Фулам, но и два меча помалку одиграно.

Традицијата е на страната на Челзи, екипа која никогаш нема загубено од Брајтон меч во Премиер лигата, но се чини подобро е да се игра на голови.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.86)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести