Унион Берлин игра по вкусот на Васоски, денеска ќе победат и Милионерите и старо-новиот шампион на Германија

1802 Унион Берлин – Вердер (Сабота, 15.30 часот)

Унион Берлин е убавата германска приказна за таканаречените мали клубови, кои се хит во првенството. Се уште имаат шанса да обезбедат настап во Европа Лигата, иако имаат тежок распоред по овој меч.

Фаворити се против Вердер, екипа што има шест порази во серија во Бундеслигата и грчевито се бори за опстанок.

Во Германија нема калкулации, ниту милост кон ривалите, па очекувам победа на Унион Берлин, кој игра одличен фудбал, а има ривал што е во голема криза.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

1803 Фрајбург – Хофанхајм (Сабота, 15.30 часот)

Очекувам напаѓачки фудбал од двете екипи кои немаат грижи за опстанок, па според мене најдобра опција е да се типува дека ќе се тресат и двете мрежи во меч со најмалку три гола.

Фрајбург се уште има шанси да го фати европскиот воз, а за тоа му треба победа против Хофенхајм. Имаат и еден заостанат меч со Херта што може со нов триумф да ги донесе блиску до првите шест позиции.

Хофенхајм со многу мака, поради огромните проблеми со повреди на играчите успеа да се извлече од опасната зона и сега може да игра порелаксирано.

Опстанокот се уште не им е дефинитивно обезбеден, но имаат квалитетен состав и одличен распоред до крајот на првенството за да ги прегрмат сите грижи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.93)

 

1804 Волфсбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот) 

Слатка беше последната победа на Волфсбург против Борусија Дортмунд, а се случи во вистински момент, во финалето на купот во Берлин во 2015 година.

Оттогаш трае фантастичната серија на Милионерите од 10 победи и само едно реми, или цели шест години без пораз од Волфсбург.

Предност на Волците во обидот да се сопре црната серија од 11 меча без победа против Борусија е што играат страшно добро на свој терен сезонава.

Загубија само еднаш и тоа во минатото коло од шампионот Баерн Минхен, но сега очекувам и втор пораз. Борусија мора да победи, ако сака да остане во трката за место во Лигата на шампионите, а токму еден од двата главни ривали им е Волфсбург, заедно со Ајнтрахт Франкфурт.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

1805 Мајнц- Баерн (Сабота, 15.30 часот)

Баерн брзо ја преболе елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите и денеска со победа против Мајнц и официјално ќе ја одбрани титулата во Бундеслигата.

Баварците не пропуштаат да победат во таква прилика и очекувам веќе денеска да им биде доделен пехарот за 31-та шампионска круна во Германија.

Мајнц нема пораз во последните шест кола во Бундеслигата, но не го победил Баерн на 10 меча по ред, со биланс од 9 порази и едно реми во тој серијал.

На последните четири меѓусебни дуели Баерн им даде дури 20 гола, или по пет во просек, па очекувам и денеска да биде убедлив резултатот во корист на најдобрата екипа во Германија.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

1806 Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 18.30 часот)

Ако го прегрми без пораз тешкото гостување на „Бај арена“, мојот поранешен клуб има големи шанси да игра во Лигата на шампионите.

Во последните три кола Ајнтрахт ќе игра против послаби екипи и ова е можност што не се пропушта.

Баер Леверкузен нема што да калкулира, мора да оди на победа, ако сака да игра во Европа. Двете екипи имаат одличен напаѓачки потенцијал и стилот на игра им е офанзивен, па очекувам отворен фудбал со многу голови.

Во последните три сезони на 7 меча што ги одиграа Баер и Ајнтрахт имаше 30 гола, или над 4 по меч, па тоа е добра гаранција дека серијата ефикасни дуели ќе продолжи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.72)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести