19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Наполи пак ќе ги скроти Биковите, Бохум е подготвен за промоција

3010 Торино – Наполи (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Исклучително важен меч ќе се игра во Торино, а бодовите се многу значајни и за двете екипи. Поточно и на Торино и на Наполи им одговара само победа ако сакаат да ја остварат целта.

Наполи по новиот кикс на Јувентус има шанса да ја стигне Старата дама на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите. Шанса која Наполитанците нема да ја пропуштат иако се гости кај тим што бие грчевита битка за опстанок.

Торино е над опасната зона, но има еднаков број бодови со Беневенто и Калјари, кои се најзагрозени екипи, покрај веќе испаднатите Кротоне и Парма.

Проблем за Биковите е што за нив Наполи е многу незгоден ривал, што не го победиле од 2015 година, или на 11 меча по ред. Гостите се и поквалитетни и типуваме дека во ефикасен меч ќе ја продолжат успешната серија против Торино.

Предлог тип: 2&ГГ (3.60)

 

1820 Дармштад – Бохум (Бундеслига 2, Германија, 20.30 часот)

Лидерот во популарната Цвајта, Бохум, е на прагот да се пласира во Бундеслигата по 35-ти пати во клупската историја. На гостите им одговара и реми, но како што играат сезонава, нерешените резултати се вистинска реткост за нив.

Ремизираа само трипати на 30 натпревари, а моментно имаат и серија од 14 меча без нерешен исход. Тимот што го предводи Томас Рејс игра убедливо и заслужено е на првото место.

Ако победи Бохум, речиси сигурно ќе биде Бундеслигаш, а противникот им е по мерак. Дармштад не може да испадне, а и не е кандидат за висок пласман, па бодовите не им значат премногу.

Бохум го немаат победено од 2015 година, веројатно и денеска ќе биде така, а посигурна варијанта е да се одигра дека гостите ќе имаат предност или на полувремето, или дека ќе победат.

Предлог тип: 2 Било кога (1.69)

 

3651 Лацио – Милан (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Лацио има еден заостанат меч и последна шанса денеска со победа против Милан да се приклучи во битката за место во Лигата на шампионите.

Милан исто така не смее да калкулира бидејќи и на Росонерите им одговара само триумф за да се вратат на второто место, зад Интер.

На последните два дуели Лацио имаше две седумки, или вкупно 15 голови, што е најава за нов ефикасен меч на клубот од Рим.

И Милан е во тоа расположение, на последните пет меча во Серија А и даваше и примаше голови, па се чини вистинскиот избор е да се одигра дека и денеска на „Олимпико“ ќе гледаме меч со многу голови.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.95)

 

1601 Лестер – Кристал палас (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Клуч на добрите игри и резултати на Лестер во 2021 година е Келечи Ихеаначо. Нигериецот доби посериозна минутажа годинава и возврати со голови.

Напаѓачот на Лестер досега во овие четири месеци постигна 13 голови во сите натпреварувања за Лисиците и се покажа како одличен џокер за тимот што од клупата одлично го води Брендан Роџерс.

Со победа денеска Лестер речиси сигурно ќе си обезбеди настап во Лигата на шампионите бидејќи ќе има 7 бода повеќе од Вест хем, 8 од Ливерпул, 9 од Тотенхем и десетка повеќе од Евертон, кои се главни кандидати за четвртата позиција на која сега е Челзи, екипа која исто така би била на дистанца од 4 бода зад Лисиците.

Кристал палас одамна ги прегрме грижите за опстанокот и може да игра релаксирано, но тешко дека ќе можат да приредат изненадување на „Кинг пауер“.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

1354 Еибар – Реал Сосиедад (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Еибар само еднаш победи во 2021 година, и тоа се случи на почетокот, на 3 јануари, кога ја совладаа Гранада со 2:0. Неверојатната серија што трае оттогаш, и тоа цели 15 меча во Ла Лига без триумф ги „фрли“ на последното место.

Ако не победи денеска, Еибар може да се подготвува за преселба во Сегунда, но имаат убава шанса да ги освојат бодовите, најмногу поради огромните проблеми на локалниот ривал.

Во мини-дербито на Баскија, Реал Сосиедад ќе игра без повеќе од еден тим бидејќи е најавено дека 13-мина фудбалери ќе бидат отсутни. Тоа е огромен хендикеп, што може да го искористи Еибар за да освои значајни бодови во битката за опстанок.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести