Конечно сонце ќе го огрее Феникс во Кливленд

8001 Кливленд кавалирс – Феникс санс (НБА,01 часот)

Феникс има шанса со победа против Кливленд да се израмни со Јута џез на врвот на табелата во Западната конференција. Сонцата блескаат сезонава и имаат само 18 порази, досега најмалку во НБА заедно со главниот конкурент за првото место на Западот.

Кливленд е во слободен пад, во многу лоша форма само со една победа на последните 10 меча и без шанси за настап во плејофот.

Домаќините имаат шест порази по ред, но и интересна серија против Феникс. Кливленд славеше против Сонцата на последните пет меча како домаќин и последниот пораз во својата сала го претрпеа во 2014 година.

Сепак, сега ситуацијата е многу поинаква и време е за прекин на лошата низа на Феникс на гостувањата во Кливленд.

Предлог тип: 2>217.5 поени (2.30)

 

8366 Мајами хит – Далас маверикс (НБА, 01 часот)

Двете екипи, интересно, моментно се на шестите позиции во Источната и Западната конференција и тоа се последните места што водат директно во плејофот.

До крајот на регуларниот дел на сезоната во НБА-лигата има уште малку натпревари, па јасно е дека дербито ноќеска ќе биде исклучително интересно.

И двете екипи се во солидна форма, но и со доста кадровски проблеми. Кај Мајами веројатно нема да игра одличниот бек Тајлер Хиро, отсутен е и Виктор Оладипо, а во аут се и Бјелица и Игудала.

Кај Далас нема да играат Порѕингис, Хардавеј и Клебер, па се чини дека хендикепот е поголем кај гостите, иако бројчано имаат помалку повредени играчи.

Бодовите од овој меч се исклучително важни, а типуваме дека Мајами во тврд меч ќе го победи Далас.

Предлог тип: 1&<215.5 поени (3.05)

 

8367 Њу Орлеанс пеликанс – Голден стејт вориорс (НБА, 02 часот)

Двете екипи ќе имаат брз римеч откако ноќеска Голден стејт го растури Њу Орленс со 123:108, но сега според коефициентите, е аутсајдер.

Стефон Кари беше незадржлив за одбраната на Пеликаните и им уфрли 41 поен во битката со Бредли Бил да биде најдобар стрелец во НБА-лигата.

За една ноќ работите тешко се менуваат, па Голден стејт бие битка за пробив меѓу шесте најдобри екипи во Западната конференција, кои сигурно ќе учествуваат во плејофот и битката за титулата.

Кај Њу Орлеанс само Зајон Вилијамсон е во топ-форма, постигна 32 поени, но еден играч не може сам да носи победи. Пеликанс ја имаат последната шанса за победа, за да се одржат шансите за место во Топ-10 и барем настап во баражот за плејоф, но ќе типуваме дека повторно ќе загубат од Голден стејт.

Предлог тип: 2 (2.23)

 

8311 Каролина хјурикејнс – Чикаго блекхокс (НХЛ, 01 часот)

Ако го репризира успехот од минатата ноќ и пак го победи Чикаго, тимот на Каролина веројатно ќе го заврши регуларниот дел од сезоната како шампион во Централната дивизија, а може да биде и најдобриот состав во целата лига.

Тоа им носи привилегија до крајот на плејофот да имаат предност од меч повеќе на домашен терен, што е голем плус, особено ако се зголеми и бројот на гледачи за доигрувањето за титулата.

Чикаго веќе нема реални шанси за плејоф, има 10 бода помалку од Нешвил и може да одигра порелаксирано. Но, само за 24 часа и не можат да сменат многу и поразот од 5:2 ноќеска од Каролина тешко ќе го претворат во некакво изненадување и победа.

Предлог тип: 1 (1.68)

 

8314 Ванкувер канукс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 04 часот)

И тука ноќеска ќе има реприза од меч што се играше само пред 24 часа, а Едмонтон пак е фаворит за победа против Ванкувер.

Ојлерс славеа со 5:3 како гости ноќеска, играат во одлична форма и можат со нов триумф во Ванкувер да си го потврдат второто место во Северната дивизија.

Гостите веќе го обезбедија учеството во плејофот, а Ванкувер нема шанси бидејќи е последен во канадската дивизија. Домаќините играат многу слабо и нанижаа пет порази по ред, а ќе типуваме дека пак ќе загубат од Едмонтон во римеч од претходната ноќ.

Предлог тип: 2 (1.82)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести