Кливленд заборави како е да се победува, ќе искористи Индијана

8336 Кливленд кавалирс – Индијана пејсерс (НБА, 01.30 часот)

Кливленд е во невидена криза што трае долго и клубот повторно нема да игра во плејофот во НБА-лигата. Иако најавуваа атак на позициите што водат во доигрувањето, многу рано во текот на сезоната беше јасно дека Кливленд нема квалитет за таков исчекор.

По заминувањето на Леброн Џејмс, тешко им оди и имаат повеќе неуспеси, од светли моменти. Сега се во долга серија од 10 порази по ред, па ако не ја сопрат, можат да бидат и најлошата екипа во Источната конференција.

Проблем за Кливленд е што има и многу отсутни играчи, па на прагот е и нов пораз. Индијана мора да победи ако сака да го одбрани 10-тото место на Истокот, последно што гарантира настап во плејофот.

Пејсерс по овој меч имаат тежок распоред, а добро за нив е што имаат две победи повеќе од 11-пласираниот Чикаго и еден меч повеќе за играње.

Предлог тип: 2&>228.5 (2.80)

 

8337 Мемфис гризлис – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 02 часот)

Пеликаните во незгоден момент во финишот на сезоната имаат огромни кадровски проблеми. Повредени им се двата главни адути, Вилијамсон и Инграм, а аут е и солидниот и искусен центар Адамс.

Настапот на Вилијамсон е неизвесен, Инграм и Адамс речиси сигурно нема да играат во меч што е „да се биде или не“ за Њу Орлеанс. Моментно се 11-ти со една победа помалку од Сан Антонио и ако не успеат да се пробијат барем за едно место нагоре, нема да играат плејоф.

Мемфис е на деветтото место, ноќеска е голем фаворит, но ќе мора да се соочи со незгодна серија од пет порази по ред против Пеликаните.

И да ја прекине серијата порази, типуваме дека Мемфис нема да победи со повеќе од 11 поени разлика.

Предлог тип: Хендикеп 2 со 11,5 поени (1.87)

 

8340 Портланд трејлблејзерс – Хјустон рокитс (НБА, 04 часот)

Хјустон продолжува да игра со огромен хендикеп и дури деветмина отсутни кошаркари во сезона што е хаотична за Ракетите. Многу проблеми, многу рокади во ростерот го доведоа Хјустон од редовен учесник во плејофот до позицијата најслаба екипа во НБА-лигата.

Портланд е во подобра позиција и со триумф ноќеска против Хјустон ќе одржи дистанца на шестото место во однос на шампионот Лос Анџелес лејкерс.

Таа позиција е многу важна бидејќи првите шест екипи од Двете конференции ќе играат плејоф, додека од 7-10, до 10-тото место се игра бараж за настап во плејофот.

Портланд е напаѓачка екипа со голем потенцијал и квалитет што го имаат Лилард, Мекалум, Нуркиќ, Пауел… и е вториот најефикасен состав во Западната конференција.

Слична кошарка со многу помалку успеси сезонава игра и Хјустон, па ќе типуваме дека ќе ја минат границата од 238 поени.

Предлог тип: >238.5 поени (1.95)

 

8313 Филаделфија флаерс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01 часот)

Двете екипи имаат неуспешна сезона и нема да играат во плејофот за титулата. Филаделфија не беше далеку во многу тешката Источна дивизија да приреди подвиг, но на крајот ќе мора да се задоволи со шестото место.

Сезоната се играше по скратен систем со 56 натпревари, а и Филаделфија и Њу Џерси не се снајдоа најдобро и останаа без шанса за настап во доигрувањето, во популарниот Стенли куп.

Мечот е ревијален, само за престиж, и може да биде многу ефикасен во трендот на меѓусебните дуели на Флаерс и Девилс во последно време.

Предлог тип: >5.5 гола (1.60)

 

8314 Чикаго блекхокс – Далас старс (НХЛ, 02 часот)

Најголемо изненадување сезонава е лошиот настап и пласман на ланскиот финалист Далас старс. Ѕвездите од Далас го играат последниот меч од регуларниот дел од сезоната, но немаат шанси за плејоф и со победа против Чикаго.

Тоа се случи и со Чикаго, екипа која со победа од 4:2 минатата ноќ го елиминира и Далас од трката за плејофот. Пред нив со четири, односно 8 бода недостижен е Нешвил, последниот патник за плејофот во Централната дивизија.

И Чикаго и Далас ноќеска можат да го одиграат релаксирано последниот натпревар сезонава, па се очекуваат многу голови во ревијален меч.

Предлог тип: >5.5 гола (1.75)

 

 

- Оглас -

Најнови вести