32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Поминаа 25 години од трансферот што го шокира светот: Фиго од Барселона се пресели во Реал Мадрид (Видео)

„Можеби имало поголеми трансфери по популарност, но не и поскапи – затоа токму овој останува запишан во историјата.“ Ова го изјави Луиш Фиго во интервју за шпанската „Марка“ по повод 25-годишнината од неговиот историски трансфер од Барселона во Реал Мадрид, направен на 17 јули 2000 година.


Тогашната сума од 62 милиони евра што ја плати Kралскиот клуб претставуваше светски рекорд.

Говорејќи за тоа како овој трансфер влијаел врз неговиот живот, Фиго изјави:
„Не го поминувам животот размислувајќи за минатото. Тоа беше дел од мојата професионална историја, дел од сè што направив – ниту добро, ниту лошо, но дефинитивно многу важно за мојата кариера.“

Кон крајот на 2000 година, неколку месеци по доаѓањето во Реал Мадрид, Фиго ја освои Златната топка, а подоцна со Кралевите освои две титули во Ла Лига и Лигата на шампионите во 2002 година, оставајќи силен белег во историјата на клубот.

Во интервјуто, Португалецот беше запрашан и дали денес е возможно да се случи трансфер со сличен медиумски ефект како неговиот – на пример: Килијан Мбапе да премине во Барселона или Ламин Јамал да потпише за Реал Мадрид.

„Во животот сè е можно. Сметам дека денес е многу потешко поради високите откупни клаузули – финансиски гледано, тоа претставува огромен товар. Но, тоа не значи дека вакви трансфери не можат да се случат со други играчи кои имаат пониски клаузули и се подостапни“, објасни Фиго.

- Оглас -

Најнови вести