8422 Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс (НБА, 01 часот)
На Вашингтон му треба победа за да си го осигура учеството во плејофот и да се обиде да скокне од десеттата позиција место, или две погоре со два триумфа во последните натпревари од регуларниот дел на сезоната.
Расел Вестбрук игра брилијантно и има трипл-дабл просек од 22.2 поени, 11.7 асистенции и 11.5 скока што е неверојатен потфат. Тој е лидер на тимот во ситуација кога втората ѕвезда Бредли Бил не игра за Визардс.
Кливленд оддамна нема шанси за плејофот и игра растоварено, но и без многу успех. Ноќеска ќе имаат и многу кадровски проблеми,ќе играат без 8 кошаркари, па им следи нов пораз.
Предлог тип: 1 со хендикеп од 6.5 поени (1.75)
8423 Детроит пистонс – Денвер нагетс (НБА, 02 часот)
Денвер бие голема битка со Лос Анџелес клиперс за третата позиција во Западната конференција, што е значајна за плејофот. Им требаат две победи до крај, но и кикс на ривалот за третото место.
Детроит има лоша сезона и нема да игра во плејофот, а се втората најлоша екипа во НБА. Тоа тешко ќе се смени и поради квалитетот на двете екипи, но и поради големите кадровски проблеми на Пистонс.
Домаќините ќе играат без 7 кошаркари, уште двајца се неизвесни, па тешко дека ќе можат да го изненадат Денвер.
Предлог тип: 2&>216.5 поени (2.55)
8425 Филаделфија 76 – Орландо меџик (НБА, 02 часот)
Филаделфија и Орландо ќе ги играат меѓусебе двата последни натпревари во регуларниот дел од сезоната и со две победи 76-те ќе го одбранат првото место во Источната конференција.
Досега играа двапати и очекувано лидерот на Истокот од НБА двапати славеше и тоа убедливо. Според квалитетот на екипите се очекува серијата да ја добир Филаделфија со 4:0, а поради значењето на мечот за нив ќе типуваме дека ноќеска убедливо ќе го победат Орландо.
Предлог тип: 1 со хендикеп од 11.5 поени (1.67)
8424 Оклахома сити тандер – Јута џез (НБА, 02 часот)
Оклахома во вториот дел од сезоната не личи на екипа од НБА лигата и има мизерен учинок од само една победа на последните 23 натпревари.
Реконструкцијата на тимот во тек на сезоната е чудна и им ги одзеде шансите на Тандер за настап во плејфот. Сега се игра само за побрз крај на сезоната.
За разлика од нив Јута џез има прекрасен циклус во НБА лигата и со две завршни победи ќе биде екипата со најдобар биланс во регуларниот дел од сезоната.
Тоа ќе значи дека до крајот на плејофот, односно додека бидат во игра за титулата во сите плејоф серии ќе имаат право на еден меч повеќе од ривалите на домашен терен.
Јута е квалитетна екипа и без првата ѕвезда Донован Мичел, кој е повреден и типуваме дека убедливо ќе го победи слабиот тим на Оклахома.
Предлог тип: 2 со хендикеп 11.5 поени (1.61)
8201 Винипег џетс – Торонто мејплифс (НХЛ, 02 часот)
И двете екипи ќе играат во плејофот, а ноќеска во последниот за нив меч од регуларниот дел од сезоната можат да играат релаксирано.
Торонто сигурно е прв во Северната дивизија и ќе ја има предноста да игра меч повеќена домашен терен на стартот од плејоф сериите.
Винипег е трет и не може ниту да напредува, ниту да падне подолу на табелата, па се очекува ефикасен меч за крај на регурларниот дел на успешната сезона досега и за двете екипи.
Торонто убедливи ги доби последните два дуели со Винипег и ќе типуваме дека ќе има и хет-трик.
Предлог тип: 2&5+ (2.54)