1002 Барнли – Лидс (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)
Лидс може да освои 9 бода до крајот на шампионатот, според распоредот во последните три меча што ги има за доигрување и да се надева на подвиг и настап во квалификациите за Европа Лигата.
Барнли ги прегрме грижите за опстанок и игра одличен фудбал во финишот на сезоната. Особено опасен е напаѓачот Крис Вуд, кој постигна 8 гола на последните 8 натпревари и е најзаслужен за премиерлигашкиот билет на тимот и за идната сезона.
Лидс е екипата што има најголема километража во Премиерлигата. Во тој сегмент само еднаш беа наттрчани од Манчестер сити и тоа за малку и со играч помалку. Тоа им дава можност да играат разноврсно и брзо што им донесе многу успех во првата сезона во Премиерлигата по 16 години пауза. Имаат 50 бода и шанса дури и да направат подвиг и да обезбедат настап во Европа.
Двете екипи можат да играат порелаксирано, па се очекува голеада на „Турф Мур“.
Предлог тип: ГГ прво/второ (1.99)
1003 Саутемптон – Фулам (Премиерлига, Англија, 16 часот)
Одлични коефициенти има во Sport Life за голови на мечот меѓу Саутемптон и Фулам, кој нема резултатско значење. Светците се безбедни на 14. позиција и реално можат да напредуваат само за едно место на завршната табела во Премиерлигата.
Фулам веќе испадна и нема шанси и со три победи во последните три рунди да се спаси.
Тоа е најава за отворен фудбал, без калкулации, иако традицијата на меѓусебните натпревари на овие две екипи покажува дека имало малку голови.
Сега ситуацијата е поинаква, ќе се игра ревијален меч и типуваме дека ќе има најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (1.95)
3001 Џенова – Аталанта (Серија А, Италија, 15 часот)
Горан Пандев и неговите соиграчи здивнаа по победата против Болоња што им донесе опстанок во Серија А, па сега можат да играат без императив во последните две кола.
Тоа не важи за Аталанта, екипа која ќе има пеколен финиш на сезоната. Моментно се на второто место зад шампионот Интер, но не смеат да си дозволат кикс, што би ги оставил без настап во Лигата на шампионите.
Во последното коло на 23. мај ќе играат со директниот конкурент Милан, а четири дена претходно имаат и финале во Купот на Италија против Јувентус.
Популарната „Ла Деа“ има се во свои раце, па победа против Џенова и реми со Милан им се доволни за настап во Лигата на шампионите. Денеска имаат противник што нема посебни мотиви и се очекува триумф на гостите во ефикасен меч.
Предлог тип: 2&ГГ (2.50)
1801 Арминија Билефелд – Хофенхајм (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Арминија има се во свои раце и ако го победи Хофенхајм ќе биде многу блиску до опстанок во Бундеслигата. Имаат полесен распоред од најголемиот ривал Вердер, кој има ист број на бодови по 31. Келн е аутсајдер во битката на трите најзагрозени екипи, од кои една директно ќе испадне со Шалке 04, а една ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот состав од Втората германска лига.
Калкулации има многу, Вердер игра со Аугсбург, кој има 33 бода, па ако Арминија го победи Хофенхајм, може да се спаси и со реми против Штутгарт во последното коло.
Хофенхајм нема посебни мотиви, а има и 9 повредени играчи, па ќе типуваме дека бодовите ќе останат во Билефелд.
Предлог тип: 1 (2.75)
1806 Шалке 04 -Ајнтрахт (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Ајнтрахт загуби многу бодови во финишот и од фаворит за настап во Лигата на шампионите, сега е аутсајдер во трката со Волфсбург и Борусија Дортмунд за две места во Лигата на шампионите.
Орлите потклекнаа под притисокот и сега зависат од резултатите на конкурентите. Волфсбург има три бода повеќе, Борусија еден, а и двете екипи имаат нешто потежок распоред од Ајнтрахт, но со по две победи ќе го остават тимот од Франкфурт надвор од зоната за настап во ЛШ.
Проблем за Ајнтрахт е што има и многу послаба гол-разлика и од двата конкуренти, а при израмнет број на бодови, тоа е првиот критериум што ги одредува позициите на конечната табела.
Шалке 04 ја одигра најлошата сезона во клупската историја и веќе е испаднат.Тоа е шанса за Ајнтрахт со победа да остане во игра за ЛШ. Гостите имаат подобар тим, имаат и огромни мотиви за победа против домаќините кои се во хаотична ситуација по големиот неуспех.
Предлог тип: 2&4+ (2.18)