Стојков почна со „нула“ на дербито за опстанок, типува и сигурни победи на Лацио, Милан и Сасуоло

3675 Специја – Торино (Сабота, 15 часот)

Двете екипи ќе бидат задоволни со реми кое веројатно им носи опстанок. И Специја и Торино имаат голема предност од 4 бода пред Беневенто, па ремито изгледа како реален исход.

Предност на Специја е што има и подобар меѓусебен биланс со Беневенто, а Торино има еден меч повеќе за играње, последниот токму против најсериозниот кандидат за преселба во понизок ранг со веќе испаднатите Кротоне и Парма.

Во финиш на сезона на ваков меч ретко која екипа ќе ризикува да игра напаѓачки и да претрпи пораз, па ќе одиграм дека ќе нема победник.

Предлог тип: Х (3.10)

 

1611 Рома – Лацио (Сабота, 20.45 часот)

На вакви големи дерби натпревари тешко е да се предвиди конечниот исход, бидејќи не зависи ниту од формата и квалитетот на екипите, туку најмногу од инспирацијата и желбата за победа.

Рома играше повеќе натпревари, поради долгиот престој во Европа Лигата и ми се чини дека играчите се уморни, а имаат и доста повредени фудбалери.

Лацио многу порано заврши со обврските во Европа, но и тие имаат проблем, бидејќи нема да им игра еден од главните адути, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Сепак Лацио има повеќе квалитетни играчи за ротација, нема пораз од Рома на последните четири дуели и очекувам да победат.

Предлог тип: 2 (2.55) Супер тип на Sport Life

 

3678 Фиорентина – Наполи (Недела, 12.30 часот)

Во последните неколку сезони Фиорентина и Наполи играат ефикасни натпревари со по 6-7 гола, па очекувам да биде во сличен стил и во ова коло.

Фиорентина ќе сака реванш за дебаклот од 6:0 што го доживеа во Неапол во првиот дел од сезоната, а гостите не смеат да си дозволат ниту реми и се освен победа би им го загрозил настапот во Лигата на шампионите.

И двете екипи имаат добри напаѓачи, особено се истакнува шпицот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, кој постигна импресивни 21 погодок, па очекувам да има ГГ&3+ на „Артемио Франки“.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.06)

 

3681 Парма – Сасуоло (Недела, 18 часот)

Парма доживеа големо разочарување со преселбата во Серија Б, па веќе и немаат мотиви за игра, а и ситуацијата со отустни играчи е сложена.

Најавено е дека сигурно нема да настапат четири фудбалери, а дури уште 9 се неизвесни од различни причини, што ќе биде голем хендикеп за домашниот тим.

Сасуоло има шанса да се бори за седмото место што води во еврокуповите и очекувам да не ја пропушти шансата за победа против демотивираниот состав на Парма.

Предлог тип: 2& 1+I& 1+II (2.40)

 

3682 Милан – Калјари (Недела, 20.45 часот)

Милан е машина за голови и учинокот од 10:0 против двете екипи од Торино во последните две кола е за почит. Сега нова победа им е императив, бидејќи во последното коло ќе играат против Аталанта.

Ако го победат Калјари Росонерите сигурно ќе играат во Лигата на шампионите, бидејќи имаат подобар меѓусебен биланс со Јувентус, а Лацио не може да ги стаса со бодови.

Ребиќ, Чалханоглу и останатите играчи на Милан се во топ-форма, иако ќе играат без Ибрахимовиќ очекувам со триумф да си обезбедат настап во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.30)

 

 

- Оглас -

Најнови вести