Нека биде за крај со прекрасна награда „ајфон 11“ – До 15.30 часот одиграјте го последното коло на Спортска прогноза

Изминуваат и последните часови за вашите прогнози во последното коло на Спортска прогноза во третата сезона на играта што е многу популарна и бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life.

Денеска до 15.30 часот со почетокот на мечот меѓу Херта и Келн е последниот рок за да се приклучите во обидот да се погоди популарната Тринаесетка и да се освои прекрасниот „ајфон 11“.

Колото е како што доликува за крај на третата сезона на Спортска прогноза, со многу дерби натпревари и интересни предизвици да се погоди максимален број на погодоци.

Во фокусот пред се се двете големи дерби-пресметки во Италија. Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер е значајно за Старата дама и само од ревијален карактер за новиот шампион Интер.

Јувентус нема избор освен да победи и да чека кикс на ривалите за пробив меѓу четирите најдобри екипи што ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите.

Интер веќе ја прослави титулата, но секогаш има мотиви да се надигрува со најголемиот ривал Јувентус во најголемото фудбалско дерби на Чизмата.

И второто големо дерби ќе се игра во земјата што е четирикратен светски првак. Рома и Лацио ќе атакуваат на бодовите во популарното дерби „Дела Капитале“. И тука ривалитетот е огромен, па ќе биде вистински предизвик за сите прогнозери во последното 36-то коло да се погоди исходот и на овој меч.

Погодена Тринаесетка ви носи „ајфон 11“, а има убави подароци дури и со едно и две промашувања.

Со еден утнат пар или погодени 12 двојки се добива ваучер од 1.000 денари, што може да се искористи во Sport Life, а и со два промашени натпревари ви следува награда, ваучер од 500 денари.

Во последното коло од третата сезона на Спортска прогноза ќе се крои и завршниот изглед на табелата во Генералниот пласман. Шампионот ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а четворицата најуспешни зад него ќе бидат наградени со многу поени што ќе можат да ги искористат за пазарување во СЛ маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести