Ѓорѓев и Скакулците од Цирих денеска ќе скокнат во Прва лига

1319 Малага – Жирона (Ла Лига 2, Шпанија, 19 часот)

Жирона лани имаше невиден малер во финалето на плејофот и со гол примен во 96-тата минута загуби од Елче и ја промаши промоцијата во Ла Лига.

Сега Каталонците повторно имаат шанса да играат во баражот, а за да бидат сигурни, има треба победа против Малага.

Жирона е во извонредна форма, нанижа пет победи по ред и ако ја продолжи серијата, може да се израмни со Алмерија и со Леганес по бројот на бодови на делба на третото, четвртото и петтото место во популарната Сегунда.

Малага ја прокоцка шансата да се приклучи како конкурент за плејофот со црната серија од пет меча без победа на кои освои само два од можните 15 бодови.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

1318 Спортинг Хихон – Лас Палмас (Ла Лига 2, Шпанија, 19 часот)

Спортинг бие голема битка за да обезбеди пласман во доигрувањето, што ќе го одреди последниот трет патник од Сегунда во Ла Лига.

Со публика на „Ел Молинон“ ќе беше полесно за тимот од Хихон бидејќи нивните навивачи често се апотрофирани како едни од најверните и најбучни во Шпанија, а атмосферата на стадионот е прекрасна.

Сепак, сега и без поддршка на навивачите поради ковид-19 избраниците на Давид Галјего имаат добра позиција за плејоф, но немаат право на грешка во финишот.

Имаат и солиден тим што го предводи вториот најефикасен играч во првенството, Урош Ѓурѓевиќ, кој досега постигна 21 гол, само еден помалку од лидерот Раул де Томас од Еспањол.

Лас Палмас може да биде опасен ривал, ќе игра без императив, но Спортинг е подготвен за предизвикот. Тимот од Хихон ја има втората најцврста одбрана само со 26 примени гола на 39 натпревари, што е можност да се одигра единица во комбинација со малку голови.

Предлог тип: 1&0-3 гола (2.22)

 

1928 Грасхоперс – Криенс (Челенџ лига, Швајцарија, 20 часот)

Никола Ѓорѓев и неговите соиграчи од Грасхоперс имаат зицер за пласман во Првата швајцарска лига и денеска во последното коло мора да го победат Криенс за да бидат прволигаши, како што му личи на најтрофејниот клуб.

Популарните Скакулци опасно се коцкаа во последните четири кола и со три порази и едно реми му дозволија на Тун да се доближи само на еден бод разлика.

Од Челенџ лигата директно во најсилната швајцарска лига влегува само првопласираната екипа, а вториот ќе мора да игра бараж со прволигаш за да се избори за промоција.

Грасхоперс ја има пол-позицијата пред Тун и ако победи, ќе биде нов прволигаш. Тоа е клуб што е поим за фудбал во Швајцарија, па и во Европа. Најпознатиот спортски бренд во тимските спортови во Швајцарија има рекордни 27 шампионски круни.

Типуваме дека денеска ќе се слави промоција во највисок ранг на натпревари на легендарниот стадион „Лецигрунд“ во Цирих.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

3012 Монца – Читадела (Плејоф Серија Б, Италија, 20.45 часот)

Монца нема избор ако сака подвиг и настап во финалето и мора да ја анулира негативата од 3 гола по поразот со 3:0 од Читадела во првиот меч од полуфиналето во плејофот.

Проектот на познатиот маг на Милан, Адријано Галијани, по сè изгледа ќе почека барем уште една сезона за евентуална промоција во прволигаш.

Читадела има огромна предност, тешко дека ќе прокоцка 3:0, а патем Монца има и доста проблеми. Денеска нема да играат Кевин-Принц Боатенг, Џузепе Белуши, Габриел Палета и Еугиенио Ламана, па мисијата да се стигне до финале личи на невозможна мисија.

Сепак, Монца мора да се обиде да се реваншира. Во плејофот не важи правилото за повеќе голови на гости при израмнет вкупен резултат, туку одлучува подобриот пласман во регуларниот дел од сезоната.

Монца беше трета, Читадела шестопласирана, што значи надеж за домаќините со секоја победа од 3 или повеќе разлика за подвиг и меч против Лече или Венеција во финалето, што потоа носи промоција во Серија А.

Предлог тип: 3+ (1.88)

 

1322 Рајо Валјекано – Реал Овиедо (Ла Лига 2, Шпанија, 21.30 часот)

Рајо Валјекано не смее да ризикува да губи бодови во последните три кола ако сака да се надева на настап во плејфот за последниот билет што води во Ла Лига.

Столе Димитриевски ќе биде во незгодна ситуација ако Рајо обезбеди пласман до шестото место и игра бараж-дуели за пласман во повисок ранг на натпревари.

Регуларниот дел од сезоната завршува на 30 мај, баражите се во јуни, а Димитриевски треба да се вклучи во националниот тим на Македонија на првиот собир на 25 мај, па потоа и да брани на тест-натпреварот против Словенија на 29 мај.

Предлог тип: 1 (1.66)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести