Долга ноќ во Љубљана ги чека талентите на Португалија и Италија

1037 Моркомб – Њупорт (Лига 2 Англија, плејоф, 16 часот)

Ќе има многу емоции во финалниот меч на „Вембли“, што е круна на сезоната за двете екипи и може да им донесе промоција во третиот по ранг систем на натпреварување во Англија.

Приказната се врти околу ветеранот Кевин Елисон, кој беше ослободен од обврските во Моркомб на почетокот на оваа сезона. Има 42 години и успеа да постигне три гола за Њупорт и еден токму против Моркомб, екипа за која играше 9 сезони по ред.

Откако ја затресе мрежата на својот поранешен тим, се скара со менаџерот на Моркомб, Дерек Адамс, и тој инцидент сè уште лебди во воздух пред големото финале денеска.

Моркомб не успеа за еден бод да обезбеди директна промоција во Лига 1, а не успеа ниту во финалето пред две години исто така на „Вембли“, кога го заврши плејофот со пораз од Транмере.

Популарните Ракови пред некој ден прославија 101 година постоење и ова е вистинска шанса со победа против Њупорт да прослават и промоција во повисок ранг на натпревари.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.85)

 

6203 Холандија У-21 – Франција У-21 (четвртфинале, ЕП, 18 часот)

Денеска продолжува најчудниот шампионат за младинци што се играл воопшто. По групната фаза, имаше пауза од два месеци, па сега продолжува со нокаут-мечеви во четвртфиналето.

Мечот меѓу Холандија и Франција е едно од двете дербија, заедно со дуелот меѓу Португалија и Италија. Лалињата на интересен начин го освоија првото место во А групата и во круг на три репрезентации со по пет бода беа најдобри и заедно со Германија се пласираа во четвртфиналето, а извиси Романија.

Холанѓаните имаат одличен состав со познати играчи од калибарот на Клајверт, Боаду, Де Вилт и играат офанзивен фудбал. Франција секогаш имала силни млади селекции и е фаворит денеска.

Иконе од Лил, Гендузи, Едуард, Кунде, Дагба… се само дел од познатите млади ѕвезди кај Триколорите, кои се меѓу главните кандидати за титулата.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

6816 Шпанија У-21 Хрватска У-21 (четвртфинале, ЕП, 18 часот)

Шпанците во фуриозен стил и без примен гол беа први во групата Б, а Хрватска имаше многу потежок пат до нокаут-фазата. Коцкестите играа во најтешката група со Португалија, Англија и Швајцарија и малку и на среќа минаа понатаму.

Во круг на три селекции со Англија и Швајцарија со по 3 бода, Хрватите имаа најдобар биланс и ќе му се спротивстават на актуелниот европски првак.

Шпанија и Италија се најтрофејните селекции во Европа за играчи до 21 година со по пет шампионски круни и имаат многу поголемо искуство во вакви натпревари од Хрватите.

Хрватите имаат неколку интересни играчи и добар потенцијал, но се чини дека Шпанците тимски се поквалитетни од ривалот и типуваме дека ќе победат во тврд меч.

Предлог тип: Х-1 (4.25)

 

6827 Португалија У-21 – Италија У-21 (Четвртфинале, ЕП, 18 часот)

Португалците се фаворити според коефициентите, но Италија е петкратен европски првак и заедно со Шпанија најтрофејна нација во оваа конкуренција.

Европските Бразилци имаат дрим-тим, па дури можеа да си дозволат главната ѕвезда во тимот, Тринкао, да им биде резерва во дербито против Англија.

Без мака и со три победи без примен гол, како лидери ја минаа најтешката група во првата фаза во конкуренција на Хрватска, Англија и Швајцарија, па можат да се надеваат дека ќе ја продолжат низата од победи.

И Италија без пораз, заедно со Шпанија, се пласира во четвртфиналето. Нападот со Кутроне и со Распадори се чини им е посилниот дел од составот, но ќе мора да внимаваат и на дефанзивата против опасните Португалци.

Досега двете селекции имаат играно четирипати меѓу себе на младинските Европски првенства и Италија има една победа, а три меча завршија нерешено.

Очекуваме повторно да нема победник во регуларниот дел и долг меч што ќе биде одлучен во продолженија или на пенали.

Предлог тип: Х (3.25)

 

6828 Данска У-21- Германија У-21 (четвртфинале, ЕП, 18 часот)

Данците под команда на Шпанецот Албаерт Капелјас изгледаа непробојно во фазата по групи и завршија како први во Ц групата без примен гол. На патот до четвртфиналето ја победија и моќната Франција, па ако успеат да ги повторат игрите од март, тогаш имаат шанси и против Германците.

Штефан Кунц се чини сега има послаб тим од претходните две изданија на младинските првенства, кога Германија еднаш ја освои титулата во 2017 година и потоа на претходното ЕП загуби во финалето од Шпанија.

Елфот нема ѕвезда во тимот, но секогаш Германците ги краси тимскиот дух, борбеноста, дисциплина и натпреварувачкиот карактер, што ги прави меѓу најдобрите селекции во историјата на фудбалот.

Досега четирипати ја победуваа Данска на младинските првенства и имаат само два примени гол од денешниот ривал на сите четири дуели.

Германија е фаворит, но ќе типуваме дека ќе прими гол од Данска.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести