Ураганот ќе внимава да не го погоди нов шампионски гром

8747 Каролина хурикејнс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01.30 часот)

Шампионот Тампа беј ја покажа силата уште на првиот меч од дербито во плејофот против Каролина и веднаш направи брејк со победа од 2:1.

Ноќеска Ураганите немаат право на грешка бидејќи нов пораз на домашен терен речиси сигурно ќе значи збогување со амбициите за титулата.

Речиси 17 илјади навивачи на Каролина пак ќе направат страшен амбиент како ветар в грб за првиот носител во Источната конференција.

Се игра четвтфинална плејоф-серија, влогот е огромен, а мечот е особено значаен и за двете екипи, особено за Каролина.

Двете екипи знаат да одиграат цврсто, на последните 5 од шест меѓусебни дуели имаше помалку од 5,5 гола, што е наш тип и за вториот дуел од плејоф-серијата меѓу Ураганите и Грмотевиците ноќеска од 01.30 часот.

Предлог тип: <5.5 гола (1.90)

 

8880 Џејмс Харден (НБА, Бруклин нетс – Бостон селтикс, 01.30)

Брадата ја презеде улогата на Кајри Ирвинг и е главен асистент во дрим-тимот на Бруклин нетс. Мрежичките се блиску до пласман во четвртфиналето во плејофот и ако победат ноќеска, можат да се подготвуваат за идните битки до главната цел, да се освои шампионскиот прстен во НБА.

Мора да му се оддаде признание на Харден за трансформацијата со која се прилагоди во тимот на Бруклин. Од прв стрелец во Лигата, кога беше играч на Хјустон, сега повеќе работи за тимот отколку за личните бројки и со асистенции ги разгирува соиграчите, пред сè, Дурант и Ирвинг.

На последниот меч од плејоф-серијата против Бостон имаше дури 18 прецизни додавања, па типуваме дека и ноќеска ќе има двоцифрен број асистенции, односно над 10.

Предлог тип: >10.5 асистенции (1.87)

 

8829 Кевин Дурант (НБА, Бруклин нетс – Бостон селтикс, 01.30)

На врвно ниво игра популарниот Дурантула и тој е еден од главните фактори што Бруклин има предност од 3:1 против Бостон и е на прагот на четвртфинале во плејофот.

На последниот дуел завчера Дурант постигна 42 поени, а просекот во плејоф-серијата со Келтите од Бостон му е 34,8 поени, што е импресивно.

Дурант е олраунд-кошаркар, може да игра речиси на сите позиции во кошарката, а раскошниот квалитет го потврдува и во плејофот. Бостон нема играч што може да го сопре високото крило на Бруклин и очекуваме нов меч на Дурант со над 30 поени.

Предлог тип: >30.5 поени (30.5 поени)

 

8744 Демиен Лилард (НБА, Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, 03 часот)

Лилард успеа и да одмори малку на последниот дуел со Денвер откако Портланд рано, само по три четвртини го реши мечот и израмни на 2:2 во серијата.

На тој натпревар првиот стрелец на Трејлблејзерс постигна скромни 10 поени, откако претходно даваше 34, 42 и 37 поени против Нагетс.

Лилард е врвен кошгетер, еден од најдобрите во НБА-лигата и знае набрзина да го наполни кошот на ривалите. Ноќеска се игра веројатно и клучниот меч за предност на една од двете екипи од 3:2, па типувема дека Лилард повторно ќе покаже карактер и ќе го презентира врвниот квалитет со ефект од над 31 поен.

Предлог тип: >31.5 поени (1.87)

 

8795 Леброн Џејмс (НБА, Феникс санс, Л.А. Лејкерс 04 часот)

Неизвесно е дали на петтиот меч меѓу Феникс и Лејкерс ќе игра Ентони Дејвис, што е голем проблем за гостите од Лос Анџелес. Со Веѓата во тимот, шоумените од Ел-Еј се многу поинаков тим, но тој е повреден и дури и да игра веројатно ќе има ограничена минутажа.

Тоа значи дека Леброн Џејмс ќе мора да преземе поголем товар на плеќите и да го предводи шампионот до успех во Феникс против незгодниот ривал.

Сонцата засега одлично му парираат на актуелниот првак, Бриџис и Краудер многу солидно го чуваат најдобриот кошаркар на денешницата, но и за Леброн и за Лејкерс овој меч е „да се биде или не“, па очекуваме Кралот на кошарката да одигра на свое ниво и да постигне над 27 поени.

Предлог тип: >27.5 поени (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести