Статистиката покажува дека Челзи и Сити не случајно играа во финалето на ЛШ

Финалистите во Лигата на шампионите, Челзи и Манчестер сити се двата клуба кои ќе дадат најмногу фудбалери на Европското првенство кое започнува следната недела. Двата англиски гиганти на континенталниот собир ќе дадат по 15-мина фудбалери од своите редови, што е најмногу од сите клубови.

По комплетирање на составите на сите 24 репрезентации, јасно е дека зад Челзи и Сити е Баерн Минхен, кој ќе даде 14-мина свои играчи на ЕП 2020. Меѓу клубовите кои даваат најмногу фудбалери на ЕП има место и за Јувентус со 12-мина фудбалери, а потоа следуваат Динамо Киев и Манчестер јунајтед со по 11-мина фудбалери од своите редови.

 

- Оглас -

Најнови вести