6777 Велс – Швајцарија (ЕП 2020, 15 часот)
Швајцарија пристигна на Европското првенство со шест победи по ред и ќе се обиде во Баку денеска да ја забележи и седмата за добар старт на шампионатот.
Островските селекции секогаш се незгодни, а Велс на минатиот шампионат беше едно од двете најголеми изненадувања со Исланд и стаса до полуфиналето.
Швајцарија има искусен тим, чиј костур е составен од репрезентативци што долго играат заедно. Имаат три победи и еден пораз во меѓусебните дуели со Велс, сите одиграни на Европски првенства и ќе типуваме дека денеска ќе си го подобрат билансот со нов триумф.
Предлог тип: 2 (2.30)
6778 Данска – Финска (ЕП 2020, 18 часот)
Финците се дебитанти на Европските првенства исто како и Македонија и се аутсајдери во соседското дерби што ќе се игра на „Паркен“ стадионот во Копенхаген.
Тему Пуки и соиграчите ќе имаат специјални мотиви, за нив ова е историски меч, но имаат послаб тим од Данска и се во скромна форма. Пред стартот на ЕП нанижаа шест меча без победа, а никогаш не ја победиле Данска во петте досегашни меѓусебни натпревари.
Данска многумина ја сметаат како една од можните минни на првенството и селекција што може да изненади. Немаат загубено меч од лани, а на последните пет забележаа четири победи и реми со извонредна гол-разлика од 17:1.
Во Копенхаген Данска е фаворит и типуваме дека ќе успее да го скрши отпорот на дебитантот со гол(ови) во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1 (4.00)
6779 Белгија – Русија (ЕП 2020, 21 часот)
Меѓусебните дуели што досега ги играа Белгија и Русија беа интересни и со многу голови. На четири од пет што ги имаат играно на големите натпреварувања имаше точно 20 гола, или во просек по пет. Само еднаш одиграа 1:0 и славеа Белгијците на Мундијалот во 2014 година.
Белгија е межу главние фаворити за европсата круна, навистина имаат дрим-тим со многу познати ѕвезди, но Русија ќе ја има публиката зад себе.
Се игра во Санкт Петербург, стадион на кој ќе има најмногу публика од сите останати домаќини на ЕП, а ги има уште 10 градови. На „Газпром арена“ утре ќе има околу 34 илјади публика, грото руски навивачи кои ќе и дадат крилја на своите миленици во обид да се изненадат опасните Црвени Ѓаволи.
Белгија е фаворит, но овде ќе типуваме дека повторно ќе одиграат ефикасен меч со Русите.
Предлог тип: 3+ (2.05)
7568 Крејчикова – Пављученкова (Финале, Ролан Гарос, 15 часот)
Ролан Гарос ќе има ново име како шампионка во женска конкуренција по денешното финале на две дебитантки во меч за титула на гренслем турнирите.
Крејчикова има пет пехари на најценетите светски турнири,но ниту еден во поединечна конкуренција. Сите ги освои во женски дубл и во мешани двојки.
Чешката тенисерка може да си замине со два пехари од Париз, бидејќи по денешното финале против Пављученкова утре ќе игра во мечот за титулата во женски двојки со Шинјакова против Матек-Сандс и Швјонтек.
Пављученкова е единствената тенисерка што играланад 50 пати на гренслем турнирите и дури потоа успеала да стаса до финале. На Русинката и успеа во 52-от обид и денеска ќе се обиде да оди докрај и да се закити и со вредниот пехар.
Квалитетот е тука некаде, израмнет и типуваме дека ќе се играат три сета во женското финале на Ролан Гарос.
Предлог тип: >21.5 гем (1.86)
3534 Бате Борисов – Неман (Белорусија, 17.45 часот)
Бате Борисов е најтрофејната екипа во Белорусија со 15 титули и сите ги освои во последните 22 години. Тимот што е формиран пред половина век, стана препознатлив и во Европа во последните две децении и петпати играше во фаза по групи во Лигата на шампионите.
Моментно се на второто место со 7 бода помалку од лидерот Шахтар Солигорск, екипа која е со сите 11 победи досега во првенството.
Бате има неверојатна низа од 17 победи во меѓусебните дуели со Неман и ако сака да остане во трка за титулата ќе мора и по 18-ти пат да го победи ривалот од Гродно.
Предлог тип: 1&3+ (1.85)