21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Не се пропушта историја – Македонија ќе ја победи Австрија

6780 Англија – Хрватска (ЕП 2020, 15 часот)

Англија и Хрватска си имаат интересен ривалитет, а и двете селекции имаат поголеми успеси на Мундијалите, отколку на Европските првенства.

Англичаните еднаш беа светски прваци, во 1966 година и немаат ниту еден пехар на ЕП. Хрватска официјално е светски вицешампион и има едно трето место од 1998 година.

И двете селекции се во горниот дел од листата со фаворити, Англичаните се во топ-5, додека Хрватите нешто подолу, според мислењето на експертите.

Англија е под голем притисок, интересното мото „it’s coming home“, односно фудбалот,или пехарот од ЕП, или СП се враќа дома во колевката на најважната споредна работа на светот никако да се оствари.

Англија е фаворит, има привилегија да игра на свој терен, на „Вембли“, но Коцкестите се опасен ривал и типуваме дека ќе има барем по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (2.11)

 

6781 Австрија – Македонија (ЕП 2020, 18 часот)

Ова е меч што не се пропушта, прв и историски за Македонија на големи натпреварувања, па се вели дека и да се утне тикетот ќе остане за спомен.

Фудбалски, Австрија двапати не надигра пред две години, особено на мечот во Скопје што го загубивме со 1:4. Но, оттогаш минаа две години во кои Македонија многу ја подобри фудбалската слика, а Австрија некако драстично падна во формата.

Во тој интервал забележавме значајни победи против Косово и Грузија што не донесоа на ЕП, а ја нокаутиравме и Германија и тоа на гости, што беше доживеано и кај нас, но и во целиот фудбалски свет како првокласна сензација.

Македонија го игра својот прв меч на ЕП, ќе се памети засекогаш, па нека биде со победа за одличен коефициент од 5.50 во Sport Life.

Предлог тип: 2 (5.50)

 

6782 Холандија – Украина (ЕП 2020, 21 часот)

Лалињата очекуваат многу од ова Европско првенство, а и тие како и Англичаните имаат привилегија сите натпревари во фазата по групи да ги играат на свој терен.

Холандија беше европски првак во 1988 година, но тогаш имаа страшна генерација предводена од Ван Бастен, Гулит, Рајкард, Куман…, нешто што сега го немаат.

Украина може да биде опасна мина на ЕП, барем според експертите. Имаат добри ,лади играчи предводени од Зинченко, Шапаренко, Забарњи… и искуни фудбалери како Јармоленко, Малиновски, Јаремчук…

Иако Холандија е фаворит, Украина може да им биде сериозна закана итипуваме дека ќе даде барем еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.10)

 

5102 Бразил – Венецуела (Копа Америка, 23 часот)

Бразил по многу перипетии ќе игра со најсилниот состав и патем непосредно пред почетокот на Коша Америка ја доби и организацијата на турнирот.

Кариоките ja очекуваат јубилејната 10-та титула и се главни фаворити. Против Венецуела никогаш не загубиле официјален меч и немаат пораз на 25 меча.

Разликата во квалитет е јасна, апсолутно е на страната на Бразил против селекција што никогаш не била шампион на Јужна Америка.

Премиерата на Копа Америка е убава шанса за домаќините со убедлива победа да тргнат во атак на титулата.

 

Предлог тип: 1-1 (1.56)

 

7620 Ѓоковиќ – Циципас (Ролан Гарос финале, 15 часот)

Двајцата финалисти на Ролан Гарос ќе го почнат мечот за пехарот со убави серии од по 10 победи. Новак ја прегрме најтешката можна пречка со голем триумф во полуфиналето против 13-кратниот освојувач и рекордер на Ролан Гарос и е фаворит за титулата.

Циципас е еден од предводниците на бранот тенисери што треба да го наследат големото трио Ѓоковиќ-Федерер-Надал. Сега му е сефте шанса за гренслем трофеј, бидејќи ќе го игра првото финале.

Новак води со 5:3 во меѓусебните дуели и триумфот против Надал му дава огромен поттик за 19-от гренслем со што би им се доближил на Федерер и на Надал, кои имаат по 20 пехари од четирите најценети тениски турнири.

Ќе типуваме дека Ѓоковиќ ќе победи, но и дека Циципас ќе успее да освои еден сет

Предлог тип: Точен резултат 3:1 (3.50)

 

 

- Оглас -

Најнови вести