6783 Шкотска – Чешка (ЕП, 15 часот)
Шкотите на драматичен начин со две победи по ред на пенали против Израел и Србија се пласираа на Европското првенство, додека Чешка имаше малку полесна задача и како втора од А групата зад Англија се пласира на шампионатот.
Шкотите по цели 23 години пак ќе играат на големо натпреварување, сега се и во кругот на домаќини на ЕП и имаат големи мотиви за да го минат првиот круг.
Храбрите Срца имаат и солиден тим со доста фудбалери што играат во англиската Премиер лига и можат да бидат тврд орев за сите ривали во Д групата.
Чесите играа со Англија во квалификациите и сега пак се заедно во групата на ЕП. Хрватска загуби од Англија со 0:1 во премиерниот меч од оваа група, па Шкотите и Чесите ќе мора да внимават бидејќи пораз денеска драстично ќе им ги намали шансите за следниот круг на ЕП.
Предлог тип: Х (2.90)
6784 Полска – Словачка (ЕП, 18 часот)
Полска и Словачка имаат израмнет биланс во меѓусебните натпревари на големите првенства. По еднаш победија на Европските првенства и исто така по еднаш и на Мундијалите.
Полска ќе се потпре на големиот адут Роберт Левандовски, кој е главната ѕвезда на репрезентацијата. Популарниот Лева игра фантастично за Баерн Минхен и е во голема форма и, секако, меѓу главните фаворити за најдобар стрелец на ЕП. За тоа ќе му треба Полска што подолго да остане на турнирот.
Словаците се незгоден ривал и можат да изненадат во групата во која се и Шпанија и Шведска. Во составот се врати и нивниот најпознат играч и капитен Марек Хамшик, што ќе им даде крилја да се обидат да ја победат Полска.
Ова е премиерен меч за двете селекции на шампионатот и ќе типуваме дека ќе ремизираат.
Предлог тип: Х (3.30)
6785 Шпанија – Шведска (ЕП, 21 часот)
И Шпанците и Швеѓаните ги мачеше иста мака пред стартот на ЕП. И двете репрезентации имаа по еден фудбалер позитивен на корона-вирус, па Бускетс и Кулушевски мораа во карантин.
Шпанија за првпат ќе игра на големо натпреварување без ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, но се надева дека и со подмладен тим ќе успее да стигне далеку, па дури и до титулата.
Шведска имаше уште еден хендикеп со остуството на Златан Ибрахимовиќ, нема да игра и Кулушевски, што јасно покажува дека Шпанците се фаворити за победа на свој терен во Севилја.
Предлог тип: 1 (1.42)
5709 Аргентина – Чиле (Копа Америка, 23 часот)
Чиле има две титули на Копа Америка и двете ги освои со победи на пенали против Аргентина, па Гаучосите ќе сакаат со победа барем делумно да се реваншираат.
Аргентина загуби четири финалиња по ред на првенствата на Јужна Америка, па чудно, но вистинито Лионел Меси нема трофеј со репрезентацијата.
Ова е можеби и последната шанса за Лео да освои пехар со Аргентина, особено поради притисокот и критиките кои ги трпи за „неуспесите„ со Аргентина, па често размислуваше и да се повлече од репрезентацијата.
Двете селекции играа меѓу себе пред 10 дена во квалификациски меч за Мундијалот во Катар и мечот заврши нерешено 1:1.
На последните девет меѓусебни дуели или играа нерешено или една од двете репрезентации победуваа со по еден гол разлика.
Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.51)
2702 Купс – Интер Турку (Финска, 17,30 часот)
Интер има само еден пораз во првите 7 кола и е на второто место на табелата. Имаат серија од пет победи, но според коефициентите, Купс е фаворит.
И двете екипи имаат големи амбиции, па дури и очекуваат да се вклучат во битка за титулата со првиот фаворит Хелсинки.
Купс и Интер имаат интересен ривалитет и на последните 8 дуели во првенството на Финска една од двете екипи не успеваше да постигне гол.
Мечот е многу значаен, особено за Купс, бидејќи пораз ќе значи големо заостанување во битка за врвот на табелата. Ќе типуваме дека ќе се игра тврд меч и дека ќе продолжи традицијата едната екипа да не даде гол.
Предлог тип: НГ (1.90)